Бајден откри во кој случај би ја преиспитал одлуката за да се кандидира на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја преиспита својата одлука да се кандидира за реизбор на претстојните претседателски избори во САД доколку лекарите му кажат дека има здравствени проблеми.

Во интервју за BET News, на прашањето што ќе го натера да ја преиспита својата одлука да учествува во кампањата за реизбор, Бајден рече дека тоа ќе биде медицински проблем.

„Ако имав здравствен проблем. Ако дојдоа лекарите и ми рекоа - ти го имаш овој проблем, го имаш овој проблем“, рекол Бајден, пренесува Политико.

Бајден претходно, по дебатата со Трамп на Си-Ен-Ен, и пред обидот за атентат на Трамп во саботата, рече дека „само семоќниот Господ“ може да го натера да се откаже од изборната трка, додека минатата недела рече дека ќе се повлече доколку некој покаже доказ дека не може да победи на изборите закажани за 5 ноември.

Во февруари, лекарот од Белата куќа, Кевин О'Конор, откако го прегледа Бајден, рече дека тој е „здрав, активен и робустен 81-годишен човек кој сè уште е способен успешно да ги извршува должностите на претседател“.

Белата куќа објави дека прегледот вклучувал проценка на невролошката состојба на Бајден.

Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најмногу снег на Попова Шапка

 Утринава најстудено во Битола, Прилеп и Берово каде е измерена минимална температура од - 4 степени, а најтопло во Крушево и Гевгелија, каде се измерени 3 степени целзиусови, информираат од УХМР.

Во Тетово и Струмица минималната температура изнесува - 2, во Скопје-Петровец и Кавадарци - 1, потоа во Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Претор, Велес, Штип, Демир Капија - 0 степени, додека во Крива Паланка, Охрид, Виница, Маврови Анови, Попова Шапка минималната температура изнесува 1 степен и во Куманово 2 степени целзиусови.

Најголема снежна покривка има на Попова Шапка - 40 сантиметри, потоа Маврови Анови - 31, Крушево - 15 и Битола - 10.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во Крушево се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него. Неговите фанови велат дека Тоше има само ден на раѓање.

Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, а во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, бројни делегации и фанови ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Во Крушево ќе присуствува и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој откако ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, ќе го посети и Спомен домот на Тоше.

Напладне во Спомен домот на Тоше, младите пејачи Нела Манческа, Дорис Димовска и бендот „Лок даун“ ќе изведат негови песни, а ќе настапат и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Домот на културата „Напредок-1869“ од Горна Орјаховица, Бугарија, под раководство на Аделина Колева.

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата, како што информираат од ЈОРСМ, е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.

- Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

притисни ентер