Бајден: Напуштањето на Авганистан беше најдобрата одлука на САД

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати до нацијата на крајот од најдолгата војна што ја водеа САД и уште еднаш ја објасни својата одлука да стави крај на 20-годишниот американски ангажман во Авганистан.

„Не сакав да ја продолжам вечната војна и не сакав да го продолжам вечниот излез од војната…Искрено можам да ви кажам дека сум убеден дека ова е добра, мудра одлука, најдобра одлука за Америка", рече Бајден.

Претседателот на САД ја презеде одговорноста за таквата одлука и рече дека не се согласува со критиките дека постоел подобар начин за евакуација на Американците и цивилите.

„Некои сега велат дека евакуацијата требало да почне порано или дека може да се спроведе на поуреден начин. Го почитувам тоа, но не се согласувам. Метежот на аеродромот би создал без оглед кога ќе започне повлекувањето", рече Бајден.

„Замислете декасме ја започнале евакуацијата во јуни или јули, донесовме илјадници американски војници и евакуиравме повеќе од 120.000 луѓе среде граѓанска војна. Би имало метеж, уривање на довербата во владата и ситуацијата ќе стане тешка и опасна мисија. Нема евакуација на крај на војна што можете да ја водите без сложеност, предизвиците и заканите со кои се соочивме", посочи тој.

Бајден рече дека 90 проценти од Американците кои сакале да го напуштат Авганистан успеале да се евакуираат и додаде дека има меѓу 100 и 200 американски државјани кои се уште сакаат да ја напуштат земјата.

„Нема рок за преостанатите Американци, ние сме решени да ги извлечеме доколку сакаат да го напуштат Авганистан", нагласи тој.

На почетокот на важниот говор пред Американците, Бајден го посочи успехот на евакуацијата, како што рече најголема воздушна операција во историјата.

„Американските војници, дипломати и разузнавачки професионалци ги ризикуваа своите животи не за професионална корист, туку за да им служат на другите, не во воена мисија, туку во мисија на солидарност", рече Бајден.

Тој исто така изјави дека нацијата никогаш нема да може да го врати долгот кон семејствата на 20 повредени војници и 13 херои кои го дадоа животот за време на евакуацијата и самоубиствените напади извршени од ИД.

Објаснувајќи ја одлуката за повлекување на војниците до 31 август, американскиот претседател рече дека постои претпоставка дека авганистанските сили, кои САД ги обучуваа и финансираа со години, ќе одолеат на граѓанската војна со талибанците и дека авганистанската влада ќе преживее за некое време.

„Таа претпоставка се покажа како неточна", рече Бајден.

Тој, исто така, потсети дека претходната администрација на претседателот Доналд Трамп постигнала договор со Талибанците за повлекување на американските војници и дека неговата администрација чекала 1 мај како краен рок за повлекување.

„Имавме два избори – да ги почитуваме обврските преземени од претходната администрација или да испратиме илјадници дополнителни војници и да ја прошириме војната", рече Бајден.

Бајден, исто така, рече дека не верува дека безбедноста на САД ќе се подобри со распоредување илјадници војници во странски земји и трошење илјадници милијарди долари.

„Тероризмот се менува, се шири и во други земји, нашата стратегија исто така мора да се промени.Можеме да извршиме напади врз терористи без американски војници на теренот", рече тој.

На терористите на ИД во Авганистан, групата ИСИС-К, американскиот претседател им порача: „Се уште не завршивме со вас".

Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова покажува социолошка студија на Институтот Пју, јави ДПА. Има мала разлика помеѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна.

Постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан: 70 проценти од демократите го поддржуваат, но републиканците – само 34 проценти.

Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти е погрешна.

Американската војска преговараше за таен аранжман со талибанците според кој членовите на организацијата придружуваа групи Американци до влезот на аеродромот во Кабул за да бидат евакуирани од Авганистан, потврдија двајца американски одбранбени претставници за Си -Ен -Ен.

Еден официјален претставник исто така откри дека американските сили за специјални операции поставиле „тајна порта" на аеродромот и формирале „позивни центри" за да ги водат Американците низ процесот на евакуација.

Дневен хороскоп за 1. мај 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 1. мај 2024 година.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе.

Кариера

Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат.

Здравје и совет

Бидете уште поотворени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право.

Кариера

Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно.

Здравје и совет

Престанете да анализирате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност.

Кариера

Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини.

Здравје и совет

Останете во реалноста и помалку фантазирајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа.

Кариера

Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство.

Здравје и совет

На некој начин денеска ќе блескате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето.

Кариера

Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате.

Здравје и совет

Одете во природа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност.

Кариера

Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да се сомневате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место.

Кариера

Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа.

Кариера

Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела.

Здравје и совет

Следете ја интуицијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство.

Кариера

Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање.

Здравје и совет

Не претерувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување.

Кариера

Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто.

Кариера

Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате.

Здравје и совет

Немојте да се прејадете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени.

Кариера

Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата.

Здравје и совет

Обновете си го хобито.

Александар Пандов и Агим Јонуз во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Партиски калкулации или предизборни махинации за идна влада, важи ли принципот „победник со победник“ или „кој губи има право да се лути“?

Кој ги сфати грешките, а кој ќе ја плати сметка од изневерени ветувања?

Се ќе почне од „0“ или ќе се случи политичко цунами, мајка или татко на нацијата, што ќе добиеме на 8 мај?

Ветувања или дела, кој најавува, а кој ќе ја сузбие корупцијата?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Александар Пандов и Агим Јонуз, по вестите во 18 часот.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

притисни ентер