ТехнологијаБајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на фактиАмериканскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на компанијата Мета да ја прекине програмата за проверка на фактите, нарекувајќи ја „навистина срамна“.По неговиот говор за економијата Бајден рече дека одлуката ќе овозможи ширење на неточни информации што ќе ги прочитаат милиони луѓе, пренесе Ен-Би-Си Њуз (NBC News). -Тоа е сосема спротивно од сето она за што се залага Америка. Сакаме да ја кажеме вистината, рече Бајден. Неговата изјава следеше по изјавата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој го критикуваше отсуството на реакција за дезинформациите поврзани со пожарите во Лос Анџелес. Њусом посочи дека надлежните треба да се „позабават“ со лажните информации кои придонесуваат за поделби во општеството. Мета во вторникот соопшти дека ќе ја прекине својата програма за проверка на факти и наместо тоа ќе воведе систем каде што корисниците самите ги оценуваат информациите, слично на она што X го прави со својот систем „Забелешки на заедницата“. Исто така, од компанијата најавија дека ќе ги релаксираат и правилата поврзани со политичките содржини. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар се шири во близина на Улцињ: Објектите се загрозени (ВИДЕО)Пожарот на локалитетот Гач кај Владимир во општина Улцињ се прошири во текот на денот, загрозувајќи одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето.Дирекцијата за заштита и спасување е информирана дека пожар на локалитетот Гач во градот Владимир, во општина Улцињ, се проширил во текот на денот. Пожарот во моментов се заканува на одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето и го фаворизираат ширењето на пожарот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. Припадници на Службата за заштита и спасување на општина Улцињ, имено пожарникари и спасувачи со расположиви возила, се на местото на настанот. Воздухоплови од Министерството за внатрешни работи се пренасочени кон оваа локација со цел пожарот да се стави под контрола што е можно поскоро. Се очекува да пристигнат и членови на Службата за заштита и спасување на главниот град Подгорица за да пружат помош на местото на пожарот. Министерството за внатрешни работи продолжува да ја следи состојбата на терен преку Оперативно-комуникацискиот центар 112 и им дава поддршка на надлежните служби. Како што е наведено, Министерството за внатрешни работи ги координира и активностите за ангажирање на расположливи воздухоплови, во согласност со потребите на терен. View this post on Instagram A post shared by Radio i televizija Crne Gore (RTCG) (@rtcg_me) Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМуцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во СкопјеЗад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени.„Денеска имав задоволство да се сретнам со Мат Киатипис, едно од најпрепознатливите имиња на глобалната 1-на-1 кошаркарска сцена, кој деновиве престојува во Скопје. Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени од страната на неговата мајка, а оваа посета е можност одблиску да ја запознае земјата од која потекнува дел од неговото семејство. Разговаравме за спортот како мост меѓу луѓето, за моќта на новите дигитални платформи, но и за значењето на одржувањето на врската со новите генерации Македонци ширум светот. Корените поврзуваат, без разлика каде сме родени и каде живееме. Welcome Matt [🇲🇰] [🏀]“- стои во објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски Тагови: Мат Киатипис Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОбвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“Една недела пред истекот на крајниот рок за притворот на Артан Груби, Обвинителството поднесе обвинение против него и против уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“. Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, за кого, како првообвинет и недостапен за органите на прогонот, обвинителството бара притвор. За екс-вицепремиерот Груби, пак, како второобвинет е побарано да остане во куќен притвор. Според обвинението, првообвинетиот предложил Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа, иако тоа право во 2013 година го вложила во заедничката компанија со „Казинос Австрија“, за што добила 51 процент од уделот. И покрај тоа, во 2023 година била започната постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари. Информацијата стигнала до генералниот секретар на Владата, кој ја ставил како дополнителна точка на дневен ред, иако, според обвинителството, требало да ја упати до надлежниот орган. Со тоа, според обвинението, бил заобиколен пропишаниот начин на одлучување и била отворена патеката за набавката, со која според обвинителството, на Државна лотарија и била нанесена штета од околу 8,2 милиони евра. -Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво. – соопштија од Обвинителството За останатите шестмина обвинети, Обвинителството бара мерки на претпазливост, јавување во Судот, одсемање на патните исправи и забрана за приближување и воспоставување конракти со определени лица. Инаку, Артан Груби беше недостапен за органите на прогонот од декември 2024 година, кога ја напушти земјава и по него беше распишана меѓународна потерница. По повеќе од 14 месеци бегство, на 23 февруари годинава се врати во Македонија преку Блаце и беше приведен. Иако претходно му беше определен притвор во отсуство, по враќањето мерката му беше заменета со куќен притвор, со 24-часовен полициски надзор, поради проценка дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter