3 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
СветБајден и Кишида најавија зајакнување на воената соработка меѓу САД и ЈапонијаАмериканскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида вчера во Вашингтон најавија зајакнување на воената соработка меѓу двете земји и развој на нов систем за противракетна одбрана.- Ова е најзначајната надградба на нашиот сојуз откако е формиран, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа по двочасовниот разговор со Кишида на теми како што се тензиите во Индо-пацифичкиот регион и војните во Украина и Појасот Газа. Кишида рече дека со американскиот претседател разговарал и за тензичните односи меѓу Тајван и Кина и оти изразиле подготвеност да го зачуваат меѓународниот поредок заснован на владеење на правото. - Едностраните обиди за промена на статус кво со сила или принуда се апсолутно неприфатливи каде и да се случат, рече Кишида. САД и Јапонија ќе продолжат да одговараат на таквите акции, вклучително и од Кина, додаде јапонскиот лидер. - Што се однесува до руската агресија врз Украина, денешна Украина утре може да биде Источна Азија, предупреди Кишида. Најавите за зајакнување на сојузот меѓу двата непријатели од Втората светска војна ја претставуваат најтесната соработка меѓу Токио и Вашингтон откако тие станаа сојузници пред неколку децении. Бајден најави дека двете армии ќе соработуваат преку заедничка командна структура и заедно со Австралија ќе развијат нова ракетна одбранбена мрежа. Двајцата лидери најавија и дека јапонски астронаути ќе учествуваат во мисиите на НАСА на Месечината. Кишида денеска ќе се обрати пред американскиот Конгрес и ќе им се придружи на Бајден и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор на средбата што се очекува да биде фокусирана на кинеските претензии во Јужното Кинеско Море. По повод средбата, САД и Јапонија финализираа околу 70 договори за одбранбена соработка, вклучително и надградба на американската воена команда во Јапонија. Состанокот доаѓа во време кога Кина го засилува притисокот врз Филипините во Јужното Кинеско Море поради областите кои Пекинг ги смета како свои, а кои според меѓународното право им припаѓаат на Филипините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ поднесе интерпелација за гувернерот трајко славески за случајт „АЛТА банка“СДСМ поднесе интерпелација до Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради случајот со Алта банка соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче. Покрај кривична одговорност, за која кажа дека очекува Обвинителството да постапи, Филипче очекува Парламентот да утврди и политичка одговорност за случајот, кој според него, отвора прашања за независноста и интегритетот на Народната банка. Лидерот на СДСМ побара одговор како бил дозволен нејзин влез во земјава и за наводните консултации меѓу Славески и премиерот Христијан Мицкоски пред влезот на банката на македонскиот пазар. - На кој начин го проверија кредибилитетот на сопственикот Давор Мацура, кој сега е осомничен за криминал во Србија? На кој начин и дали го проверија потеклото на парите за кои што сега во Србија се истражува дека дури и физички не постоеле, туку дека биле наводно лажни пари во сефовите а дека вистинските биле носени надвор.. Трајко Славески ќе треба да одговори и за тоа што зборува со премиерот Христијан Мицкоски. Како тоа се консултирал и кои се надлежностите на Христијан Мицкоски официјално во делот на влегување на некоја банка, посебно на ваква криминална кај нас? изјави Филипче. Интерпелацијата според Деловникот се закажува на првата наредна собраниска седница, откако ќе стигне одговорот од Славески, а веќе утре се очекува во Собранието да продолжи и надзорната расправа за Алта банка. Сепак, од СДСМ обвинуваат дека голем дел од поканетите нема да дојдат, а меѓу нив, како што велат, по втор пат е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која според Филипче повторно одговорила дека е на служебен пат. -За утре е закажано продолжението на надзорната расправа, но нема одговор од поканетите, односно претседателката Сиљановска Давкова, која што ја поканивме да каже како тоа го номинирала Трајко Славески, како таа сега гледа на овој проблем и скандал? Дали сега има можеби поинакво мислење за Трајко Славески? Дали трпела притисок да го номинира на функцијата? За жал, нема да присуствува наводно била на патување, изјави Филипче? Од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека одговорноста за организирањето на надзорната расправа и доаѓаето на гостите е кај СДСМ. Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека опозициските пратеници се одговорни за гостите, како и за комуникацијата со истите. На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески. Тагови: Алта банка Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 денаОколу 17 милиони евра за само 20 дена ќе потроши ЕСМ за набавка на електрична енергија од осум приватни снабдувачи..Станува збор за кракторочна набавка од вкупно 70.560 мегават часови, потребни за снабдувањето што ЕВН Хоме го врши кон домаќинствата и малите потрошувачи до 13 декември. Просечната цена на набавката изнесува околу 240 евра за мегават час. Во овие 20-тина дена, ЕСМ се надева дека ќе го зголеми домашното производство, а таа цел се планира и повторно активирање на ТЕЦ Неготино. Веќе е распишан повик за набаква на околу 45 илјади тони мазут, со проценета вредност од над 42 милиони евра, а отварањето на понудите кое беше планирано за денеска е презакажано за петок.. Освен, активирањето на ТЕЦ, следниот период се очекува да почне и увозот на јагледн од Косово за да се стават во погон сите блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј.. На ваков начин, премиерот Мицкоски очекува да се избегнат ценовни шокови.. -Оваа недела во сабота јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, така што како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија, работиме и остануваме држава со најниски цени на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси кои што се наш природен ресурс,- Христијан Мицкоски- претседател на Влада. Умерено сезонско поскапување на струјата и парното очекува и економистот Борче Треновски. Тој смета дека државата треба да ги заштити граѓаните со најниски примања преку таргетирани мерки. -Мора да внимава Владата кога ги носи мерките да ги зголеми цените пред сè на оние кои се во средната и повисоката, како да кажеме, транша за плаќање, односно да внимава на оние кои се во најниските, помалите потрошувачи – таму 80-90% се оние со понизок доход. Таму цената или да не се промени, или да се амортизира со зголемувањето на цените во другите, со цел да може тој дел од населението да го заштити,- Борче Треновски – универзитетски професор. Спроед последните најави од претседателот на Регулаторната, Ристов, од 1 јануари струјата ќе се покачи за 2-3%, а со предлог одлуките веќе е најавено и покачување на парното за 7,5% проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата. – Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат. За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените. – Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ. За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано. – Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook