Баерн со протест до УЕФА поради акциите на париската полиција пред натпреварот против ПСЖ - Канал 5

Баерн со протест до УЕФА поради акциите на париската полиција пред натпреварот против ПСЖ

Баерн Минхен поднесе протест до УЕФА поради наредбата на париската полиција пред натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ, соопшти прес-службата на клубот од Минхен.

Баерн со протест до УЕФА поради акциите на париската полиција пред натпреварот против ПСЖ

- Општата наредба важи за сите навивачки автобуси и наведува дека тие мора да се соберат на платен паркинг надвор од градот пред натпреварот. Исто така, меѓу другото, предвидува дека сите други навивачи на Баерн мора да патуваат до стадионот исклучиво со јавен превоз. По натпреварот, сите мора да се вратат во својот оригинален превоз. Последователно, автобусите ќе бидат придружувани од полиција од градот, се вели во соопштението.

Баерн Минхен истакна дека краткиот временски рок за оваа одлука е неприфатлив и дека нема промена во ситуацијата со ризикот за навивачите на Минхен. Клубот од Минхен, исто така, изјави дека ПСЖ дал поддршка за жалбата до УЕФА.

Во 2023 година, за време на натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу двата тима, навивачите на парискиот клуб нападнаа навивач на Баерн.

Натпреварот ПСЖ – Баерн ќе се игра во Париз вечер со почеток во 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Кризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. 

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температура до 34 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температура до 34 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер