Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
1Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
ФудбалБаерн преку Бенфика ќе атакува на петото последнователно полуфинале во ЛШФудбалерите на Баерн Минхен ќе се обидат по петти пат во низа да стигнат до полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а на патот до него ќе мора да ја минат португалската екипа Бенфика. Германскиот првак вечер пред својата публика на „Алијанц Арена“ ќе го игра првиот меч протов Бенфика во четврфиналната рунда на ЛШ. Откако минатата година го елиминира Порто, сега Баварците на патот до полуфиналето одново ќе мора да минат португалски тим, во случајов Бенфика, екипа која по пауза од 25 години го брка своето прво полуфинале. Иако, Баерн во последното коло во Бундес лигата славеше победа од 1:0 против Ајнтрахт сепак, избраниците на Пеп Гвардиола не се покажаа во најдобро светло, па затоа шпанскиот стручњак предупредува. „Ќе направиме голема грешка ако во натпреварот влеземе со размислување колку гола ќе постигнеме. Тоа може да ни се врати како бумеранг’’, изјави Гвардиона, потенцирајќи ја победата на Бенфика над Брага од 5:1 во последниот меч од португалското првенство. „Во двомечот со Баерн влегуваме со факт дека нашиот противник е еден од кандидатите за освојување на Лигата на шампиони. Но, нема да се предадеме. Свесни сме дека не очекуваат два тешки натпревари’’, изјави Руи Виторија тренерот на Бенфика. Досега овие две екипи одиграле три меѓусебни натпревари, во кои секогаш како победник излегувал Баер кој подоцна стигнувал и до финалето. Натпреварот меѓу Баерн и Бенфика ќе се игра вечерва во Минхен со почеток од 20 часот и 45 минути, термин во кој ќе стартува и шпанското дерби во ЛШ меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Утревечер своите први четвртфинални дуели ќе го имаат, ПСЖ – Манчестер Сити и Волфсбург – Реал Мадрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети. Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаДојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената базаПатнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба. Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување. Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури. Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“. Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу. Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка. Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат. Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил 46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00