Баерн преговара со Челзи за трансфер на Кепа - Канал 5

Баерн преговара со Челзи за трансфер на Кепа

Баерн сака да го ангажира голманот Кепа Аризабалага од Челзи. „ Sport 1“, веќе се воспоставени контакти меѓу клубовите по ова прашање.

Баерн преговара со Челзи за трансфер на Кепа

Оваа недела беше објавено дека голманот на Баерн, Мануел Ноер, кој закрепнува од повреда, нема да може да се врати на терените до 2024 година. Во декември, 37-годишниот Германец се здоби со скршеница на десната нога додека скијаше на одмор.

Швајцарскиот голман Јан Зомер, кој беше донесен да го замени Нојер оваа зима, го напушти Баерн Минхен оваа недела. Тој замина во Интер со тригодишен договор.

Дваесет и осумгодишниот Кепа му се приклучи на Челзи во летото 2018 година од Атлетик за 80 милиони евра. Во сезоната 2022/23 одигра 39 натпревари и прими 45 голови. На 12 средби, Шпанецот ја зачува „чиста“ својата мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. 

Сончево и топло, попладне нестабилно

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Долга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин Богородица

Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.

Долга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин Богородица

Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата.

Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите.

Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и, пред поаѓање, да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер