Баерн од Минхен го повлече дресот со бројот пет во чест на фудбалската легенда - Канал 5

Баерн од Минхен го повлече дресот со бројот пет во чест на фудбалската легенда

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен реши да ѝ оддаде почит на својата легенда Франц Бекенбуер, а во негова чест го пензионираа дресот со број пет кој го носеше додека настапуваше за оваа екипа во Германија, соопштија од клубот.

Баерн од Минхен го повлече дресот со бројот пет во чест на фудбалската легенда

Бекенбауер почина на Божиќ, 7 јануари 2024 година, додека во текот на својата играчка кариера играше за Баерн од 1964 до 1977 година, при што запиша 582 натпревари и освои 13 трофеи.

По играчката кариера беше тренер на Баерн од 1993 до 1994 година, а потоа и во текот на 1996 година.

- Бројот пет сега е дел од уникатното наследство. Нашиот клуб и неговата историја не може да се замисли без Франц - изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер