Баерн ги стави Видал, Тиаго, Боатенг и Бернат на трансфер листа - Канал 5

Баерн ги стави Видал, Тиаго, Боатенг и Бернат на трансфер листа

 Баерн Минхен стави четири од неговите главни играчи на трансфер листата.

Баерн ги стави Видал, Тиаго, Боатенг и Бернат на трансфер листа

Според „Билд“, се работи за Артуро Видал, Тиаго Алкантара, Џером Боатенг и Хуан Бернат.

Баварците сакаа да го трансформираат својот тим по уште еден неуспешен обид да ја освојат Лигата на шампионите.

Новиот ментор на тимот, Нико Ковач, ќе имаат целосна слобода да го трансформира тимот по своја волја, тврдат од изданието.

Манчестер Јунајтед и Челзи со интерес ги следат вестите за Тиаго, како и Барселона и Манчестер Сити.

Видал призна на крајот на сезоната дека не знае што ќе прави во иднина.

- Во моментов знам само дека имам договор за уште една сезона. Јас сум мирен и ако го сменам тимот, би било добро тоа да биде тим кој се бори за освојување на Лигата на Шампионите, изјави Чилеанецот.

Интерес за Видал има од Наполи, каде што неговиот поранешен тренер во Баерн - Карло Анчелоти, застана на чело на вицешампионот на Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека по долгогодишна запуштеност и пропаѓање повторно се ставаат во функција цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ - „Роза“ на булевар „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ .

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека по долгогодишна запуштеност и пропаѓање повторно се ставаат во функција цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ - „Роза“ на булевар „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ и цвеќарницата кај Министерството за економија.

- Скопје ги памети местата во кои започнуваа убавите моменти. Градските цвеќарници беа дел од тие спомени, таму младенците ги избираа букетите за својот најважен ден, се купуваше цвеќе за честитки, за благодарност и за радост во нечиј дом. Мали места со големо значење за многу генерации скопјани. Токму затоа, повторно ги ставаме во функција. Веќе течат активностите за нивна темелна реконструкција, за повторно да станат уредни, пријатни и достапни катчиња за сите граѓани. Имаме обврска да се грижиме за она што го наследивме, да му дадеме нова вредност и да го оставиме со гордост на генерациите што доаѓаат. Секој обновен простор е уште еден зачуван дел од нашиот град – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека цвеќето и услугите ќе бидат понудени по максимално пристапни и фер цени, затоа што убавиот гест треба да биде достапен за секого.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на Грција, Лина Мендони, ја посетија црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, каде што се запознаа со резултатите од завршената конзервација на вредниот фрескоживопис на црквата.

Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство

Присуството на грчката министерка за култура во Курбиново има особено значење, имајќи ја предвид успешната соработка меѓу институциите од двете земји, особено придонесот на грчките експерти во реализацијата на конзерваторските активности.

Конзервацијата е реализирана со стручна поддршка од експерти од Грција, ангажирани врз основа на Меморандумот за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, во соработка со експерти од Националната установа Завод и музеј – Битола.

На министерката Мендони ѝ беа презентирани значењето и вредностите на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како и културните и природните вредности на Преспанскиот Регион и значењето на неговото наследство за унапредување на соработката и поврзувањето меѓу двете земји.

На посетата беа присутни и директорката на Заводот и музеј – Битола, Маргарета Спасов и претставници на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, со што дополнително беше нагласена важноста на институционалната и стручната соработка во реализацијата на конзерваторските активности.

Министерот Сулејмани, истакнувајќи ја успешната соработка меѓу институциите и стручните лица од Македонија и од Грција, посочи дека завршената конзервација на фрескоживописот во Курбиново претставува конкретен резултат од размената на знаења, искуства и експертиза. Тој ја нагласи и важноста на присуството на министерката Мендони, како потврда за посветеноста на двете земји кон натамошно унапредување на соработката во областа на културата и заштитата на културното наследство.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е значаен споменик на средновековното културно наследство и едно од највредните сведоштва на византиската уметност од XII век на територијата на Македонија. Со своето исклучително културно и историско значење, црквата претставува важен дел од наследството на Преспанскиот Регион и значаен пример за потенцијалот на културното наследство да ги поврзува институциите и народите од двете страни на границата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работилница со основците од Кисела Вода во соработка со „Киненова“: „Снимај паметно, остави трага“

На 5, 6 и 7 октомври 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА“, се одржаа филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“ со учениците од VIII и IX одделение .

Работилница со основците од Кисела Вода во соработка со „Киненова“: „Снимај паметно, остави трага“

На 5, 6 и 7 октомври 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА“, се одржаа филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“ со учениците од VIII и IX одделение од основните училишта од Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива претставуваше практична финализација на проектот на Небојша Јовановиќ, овозможен преку Јавниот повик за проекти од локално значење во културата објавен од Општина Кисела Вода, а преку кој младите имаа можност со своите мобилни телефони да создадат оригинални видеоприказни. По училишниот избор, вкупно 16 учесници продолжија во следната фаза.

Работилниците се реализираа под менторство на познатата филмска режисерка и документаристка Марија Џиџева, која преку куси лекции за историјата на филмот, основите на филмскиот јазик, сценариото, снимањето и монтажата ги воведе учениците во процесот на тимско креирање на кратки филмски форми од 1 до 2 минути на чувствителната тема за врсничкото насилство.

Како што истакна режисерката и менторка Марија Џиџева, децата денес растат во дигитална ера каде што технологијата често станува катализатор за врсничко и сајбер-насилство. Но, наместо да ги изолира, филмскиот медиум може да ги обедини. Целта на овие кратки форми е преку тимска работа да се создаде простор во кој гласот на младите ќе се слушне јасно и автентично. Оваа работилница е повеќе од креативен процес, таа е мост на разбирање помеѓу генерациите, кој им овозможува на возрасните да погледнат низ очите на децата и подлабоко да ги разберат нивните борби и емоции, порачувајќи дека треба да ги поттикнеме младите да ја користат технологијата како алатка за разбирање и промена, а не за дистанцирање.

16-те учесници се симболично наградени за својот труд и креативност. Трите филмови ревијално ќе бидат емитувани на свеченото отворање на фестивалот на 14 октомври во киното „Фросина“, кога ќе биде прикажан и најновиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“. По свеченото отворање, во наредните денови се до 17 октомври, филмските проекции ќе се одржуваат во двете кино сали на подрачјето на Општина Кисела Вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер