Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотБадник во Тетово огнови и забави со маскиТетово бележи специфичен народен обичај за одбележувањето на Бадник за разлика од другите градови. Додека бадникарски огнови во другите градови се палат на 5 јануари Коледе, во Тетово тоа се прави ноќта на Бадник 6 јануари, наспроти Божиќ. Исто така, вечерта значајна специфика на одбележувањето е забавата со маски на децата, младите, но и сите кои имаат таква желба. Тетовци паметат дека најстара е детската забава за Бадниковата вечер (Б’дњи Вечер) со песната „Б’дња баба". Веднаш по стемнувањето се ставаат однапред изработените (или по најново купени), маски и најчесто по групи од неколкумина одат од куќа до куќа пеејќи ја песната „Б’дња баба", очекувајќи од домаќините да ги даруваат. Се ставаат разни маски, како од детските јунаци од цртаните филмови, но има и такви кои сакаат да се облекуваат како полицајци, војници или слично. Зависно од тоа како ќе се договорат одат по неколкумина во група, а се посетуваат соседите и роднините кои живеат во близина. Кога ќе заѕвонат, децата започнуваат да ја пеат познатата песничка „Б’дња баба". Домаќинките, се тие кои ја отвораат вратата со кошница каде имаат ставено ореви, костени, јаболки, печена тиква, бонбони или парички за да ги даруваат децата за испеаната песничка. -Од памтивек во Тетово, и најстарите се сеќаваат дека постоел адетот. Постарите кажуваат дека маските во најстаро време биле со кожув или гуња, стап у рука, околу врат низа од пиперки или кромид. Така маскирани оделе од куќа на куќа и пееле бадникарска песна, раскажува Дарко Гавровски, хроничар на Тетово, кој го бележи живеењето во градот во неколку книги и интернет страницата на „Тајните на Тетово". Песната Б’дња баба Кој што спие нека стане, нека меси колачиња Ако нема колачиња, нека даде паричиња. Ако нема паричиња нека даде бончиња Ако нема бонбончиња нека даде оревчиња Ако нема оревчиња нека даде тиквичиња Ако нема тиквичиња нека даде све што има Б’дња баба.. (се извикува силно) И младите од Тетово на Бадник, се маскираат и така облечени одат по кафулињата и дискотеките каде вообичаено се избира нај-маска на вечерта. Бадникарските огнови ноќта на Бадник наспроти Божиќ се палат во речиси сите градски маала, а традицијата е прифатена и во тетовските села. -Во другите градови се палат коледарски огнови вечерта на 5-ти, на коледе. Тетово тоа го прае на Б’дњик вечерта пред Божиќ. Најстарите тетовчани раскажуваат дека осовен настан било да се оди со чеза (коњска кола) на прослава во Манастирот во Речица или во Лешок, каде единствено имало Бадникарски огнови и прослава со собирање околу оган. Во самиот град со традицијата на Бадникарски огнови се започнува почетокот на 1990-тите, а прво маало со свој „оѓин" (оган) кој ја иницираше оваа традиција е Певчина. Постепено се шири како адет и по други маала, и така од година за година, едно по едно мааоло, денеска нема маало кај што нема оѓин со кумоој, музика, јадење, ора, раскажува Дарко Гавровски. Годинава на Бадник во тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј" во попладневните часови владиката г. Јосиф ќе врши осветување на бадниковите гранчиња, по што традиционално се пали бадникарски оган. Веднаш потоа се палат и маалските бадникарски огнови покрај кои се подготвува и забава со посна трпеза. -На Бадник во Тетово од црква се земаат осветените дабови гранки, а со тие гранки се китат портите на куќите (путна врата). Вечерта на Бадник се спрема богата посна трпеза за најтесното семејство со посна сарма, ореви, костени, тиква печена – но никако дел од адетот не е пита со паричка – зошто тоа во Тетово се прави задолжително само на Василица (комад со париче), вели Дарко Гавровски, хроничар на Тетово. Старите тетовски семејства на ден Божиќ ја практикуваат најстарата градска традиција – мажите да ги посетат сите куќи од пошироката фамилија за честитање на Божиќ, исто како како адетот за Велигден. Жените остануваат дома со подготвена трпеза да ги пречекаат и угостат гостите. За Божиќ вообичаено се подготвуваат одредени јадења. -Тогаш веќе се служело и мрсно јадење, а особено не смеела да изостане пачата (пивтија) и греаната ракија, вели Дарко. Карактеристика за божиќната трпеза е и поставување подварок (зелка од зимница, која се сецка, се вари и се потпечува) со чадено месо. Божиќната трпеза мора да има и благо, најчесто баклава, гурабии, ванилици и слично. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter