ФудбалБабунски останува тренер на Вардар Бобан Бабунски и следната сезона ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар, соопштија „црвено-црните“ преку својата веб страница.Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето сезона 2018/2019. - Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на нашиот клуб. Од младинската школа на „црвено-црните“ во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски. Досегашниот асистент тренер Александар Васоски и тренерот на голманите Саша Илиќ и натаму ќе бидат дел од стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар, информираат од ФК Вардар. Бабунски веќе беше на клупата на поранешниот македонски шампион во финишот на штотуку завршената сезона и го водеше тимот на последните девет натпревари од првенството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војнатаРускиот претседател Владимир Путин ја отфрли можноста за мировни преговори со Украина во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој рече дека Русија ќе продолжи да се бори додека не ги постигне „сите свои цели“, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, а пренесува Правда. Ушаков за руските пропагандни медиуми изјави дека Трамп „топло му го честитал роденденот на Путин, неофицијално му посакал успех и благосостојба и му ги пренел честитките на првата дама“. Путин му се заблагодари на Трамп за вниманието што го посветува на дијалогот со Москва и нагласи дека руската позиција за агресија врз Украина останува непроменета. Путин категорично ја отфрли можноста за обновување на мировните преговори. Тој ја обвини Украина дека се обидува да ги наруши руските избори и се обиде да го убеди Трамп дека украинскиот отпор „нема перспектива“. Тој додаде дека руските сили „целосно ја држат иницијативата во свои раце и напредуваат“. Ушаков тврди дека Трамп по разговорот дал инструкции „сигналите“ што ги добил од Русија да се пренесат на украинската страна. Тој исто така изјави дека двајцата лидери го изразиле своето задоволство од начинот на кој функционираат каналите за комуникација, особено оние во кои се вклучени разузнавачките служби. Тие, исто така, разговараа за потенцијален состанок на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), „ако и двајцата присуствуваат“. Според Ушаков, разговорот траел час и половина и дека „никој не сакал прв да го прекине повикот“. Трамп во четвртокот вечерта рече дека разговарал со Путин по телефон и се согласил да испорача милиони тони руски дизел на американскиот и светскиот пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно, претпладне со сончеви периодиСпоред Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Берово, 9 Маврови Анови, 10 Попова Шапка, Битола, Охрид, Демир Капија, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 14 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 10. октомври 2о26 година Дневен хороскоп за сабота, 10. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност. Кариера Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да се сомневате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место. Кариера Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија. Здравје и совет Уживајте во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа. Кариера Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела. Здравје и совет Следете ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство. Кариера Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање. Здравје и совет Не претерувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување. Кариера Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа. Здравје и совет Соработувајте со другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто. Кариера Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате. Здравје и совет Немојте да се прејадете. Овен 21.3-20.4. Љубов Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени. Кариера Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата. Здравје и совет Обновете си го хобито. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе. Кариера Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат. Здравје и совет Бидете уште поотворени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право. Кариера Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно. Здравје и совет Престанете да анализирате. Рак 22.6-22.7. Љубов Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност. Кариера Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини. Здравје и совет Останете во реалноста и помалку фантазирајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа. Кариера Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство. Здравје и совет На некој начин денеска ќе блескате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето. Кариера Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате. Здравје и совет Одете во природа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20