Бабиш категорично го отфрла антиукраинскиот сојуз со Орбан и Фицо - Канал 5

Бабиш категорично го отфрла антиукраинскиот сојуз со Орбан и Фицо

Веројатниот иден чешки премиер Андреј Бабиш изјави дека нема намера да ја вовлече Чешка во „некаков вид антиукраински сојуз во рамките на Европската Унија“ што го планира унгарскиот премиер Виктор Орбан, заедно со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Бабиш категорично го отфрла антиукраинскиот сојуз со Орбан и Фицо

„Медиумскиот монопол во Брисел, Политико, постојано лаже за нас. Не постои таква иницијатива и јас не знам ништо за тоа“, категорично ја отфрли Бабиш изјавата на главниот политички советник на Орбан, Балаж Орбан, за Политико дека ќе се формира таков „блок скептичен кон Украина“ што би можел да ѝ го отежни на ЕУ одлучувањето за помош на нападнатата земја.

Поранешниот чешки премиер Бабиш, како лидер на опозицијата, води тешка кампања од неуспешните претседателски избори во Чешка во 2023 година, на кои неговата популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) се обиде да ги освои гласачите од екстремистичките партии и од десната и од левата страна на политичкиот спектар.

Важен елемент на таа кампања беше поттикнувањето антиукраински чувства, тврдејќи дека околу половина милион украински воени бегалци се виновни за сите тешкотии на Чесите, почнувајќи од недостатокот на домување, високите кирии, скапата енергија, проблемите со училиштата и болниците.

Сепак, веќе во текот на изборната ноќ на 4 октомври, кога стана јасно дека АНО убедливо ги добила изборите, но не доволно за да формира влада сама, Бабиш ги отфрли референдумите за напуштање на ЕУ и НАТО што ги бараа неговите идни коалициски партнери.

Иако го повтори своето ветување по изборите дека ниту една круна нема да се потроши директно од чешкиот буџет за оружје за Украина, Бабиш нагласи дека чешката воена индустрија и нејзиниот комерцијален извоз на оружје во Украина ќе ја имаат поддршката од владата и ја поддржа воената помош што ЕУ ѝ ја обезбедува на Украина.

Пред изборите, Бабиш се закани дека ќе ја укине чешката иницијатива „Муниција за Украина“, но по разговорите со чешкиот претседател Петр Павел, тој ги смени работите и сега само сака таа да се ревидира за да биде транспарентна и да не ја користат чешките трговци со оружје кои посредуваат во купувањето артилериска муниција во трети земји, вклучително и Србија, за која плаќаат западните земји и ѝ ја даваат на Украина.

Бабиш, исто така, најавува дека сака да ја обнови соработката со Вишеградската четворка, која престана да функционира како блок со координирани ставови во ЕУ уште во времето на полските популисти Јарослав Качински, токму поради попустливоста на Орбан кон Русија по агресијата врз Украина во 2022 година.

За прашања каде што сака да се спротивстави на Брисел, како што се пактот за миграција или климатските цели, Бабиш, сепак, првенствено смета на Полска и нејзиниот сегашен премиер од централно-десничарската и левичарската влада, Доналд Туск.

Веднаш по изборите, Бабиш изјави дека првото лице што ќе го повика за да разговара за координирање на ставовите пред самитите на ЕУ ќе биде полскиот премиер Туск, додека дури и не ги спомена Фица и Орбан.

„Бабиш сака да се гледа себеси како некој што е дел од Европа што одлучува, дека е меѓу оние што се важни. Тој не сака да биде ставен во ист кош со Орбан и Фицо“, рече коментаторката на Чешкото радио Здења Трахтова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

 Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија.

Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина.

Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди.

Инаку не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што

проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер.

Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење.

15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење.

11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

29.06.2023 повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии.

04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

Ама на ова, ни Филипче ни СДС, како тогашна владејачка партија не реагирале соодветно. А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени.

Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДС-ДУИ-Тарабари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот.

Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство.

Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДС кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода, а истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Повторно ново ветување.

Повторно неисполнето.

Повторно водата не е чиста, ниту техничка.

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

Ништо повеќе.

Денес повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено.

Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.

А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.

Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

• Христијан Мицкоски

• министерот Клековски

• и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ова сѐ уште трае.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети.

За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан.

Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер