Бабичка оштетила банки за 30 милиони долари- ја бара и ФБИ, исчезнала без трага - Канал 5

Бабичка оштетила банки за 30 милиони долари- ја бара и ФБИ, исчезнала без трага

Седумдесет и тригодишна жена е обвинета за измама на неколку финансиски институции претставувајќи се како наследничка на корпорацијата за воздухопловство „Мекдонел“.

Бабичка оштетила банки за 30 милиони долари-  ја бара и ФБИ, исчезнала без трага

Властите ја обвинуваат Мери Мекдоналд дека стекнала околу 30 милиони долари со своите „акции“, по што била ставена на листата на најбарани лица на ФБИ.

Исчезнала без трага

Властите тврдат дека Мекдоналд тврдела дека е наследничка на познатата компанија, како и дека има „таен фонд од 80 милиони долари“, до кој ќе може да пристапи во иднина.

На овој начин, таа успеала да добие 14,7 милиони долари од една банка и дополнителни 15 милиони долари од други финансиски институции, објавува „Дејли меил“.

Според обвинението, Мекдоналд извршила голема измама од јули 2017 до мај 2018 година.

На 12 декември 2018 година, федерален суд во Калифорнија издаде налог за апсење на оваа жена, која е обвинета за банкарска измама и кражба на идентитет. ФБИ верува дека таа избегала во Дубаи пред да биде уапсена. Не ги вратила парите.

Истрага за неисплатени плати

Од 2004 до 2017 година, Мекдоналд била извршен директор на пропаднатата телевизиска компанија Bellum Entertainment, која ги продуцираше ТВ сериите „It Takes a Killer“ и „I Married a Murderer“.

За време на нејзиниот мандат, Комисијата за труд започнала истрага за наводно неисплатување плати на вработените, објави Deadline во 2017 година.

Федералните истражители веруваат дека нејзините финансиски малверзации се делумно поврзани со неисплатените плати, при што поранешната извршен директорка наводно им рекла на работниците дека не може да им ги плати поради „значајна банкарска измама“.

Произведувале борбени авиони

Питер Мекдоналд, нејзин внук и потпретседател на Bellum Entertainment, изјави во 2017 година дека не бил свесен за банкарската измама и дека му останале 10.000 долари неплатени кога заминал.

McDonnell Aircraft Corporation е поранешна американска воздухопловна компанија која произведувала борбени и комерцијални авиони, како и вселенски летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата.

На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината.

Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари.

На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран.

Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација.

Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста.

Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета.

Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов.

Кој е наследникот на таа традиција? Груевски.

Велеше Ванчо - македонски син.

На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила.

Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски.

Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција.

Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост.

СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“.

Атентатот врз демократијата нема да остане без име.

Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда.

Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот.

Оваа група ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива

Дебрца се менува и развива со нова фабрика во Мешеишта, реконструкција на Домот на културата во Волино, асфалтирани улици низ цела општина/

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива

Една година после промените кои ги донесоа граѓаните, Дебрца бележи значаен развој во повеќе области, со реализација на бројни инфраструктурни проекти, инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за семејствата, младите, земјоделците и локалната економија.

Проекти се реализираат, се вложува, се гради, се инвестира, ветеното пред граѓаните се исполнува. Во таа насока, особено значајна е инвестицијата од 6 милиони евра во село Мешеишта, каде што во изградба е фабрика за производство на еластични огради, која ќе донесе нови работни места и дополнителен економски развој за општина Дебрца.

Во изминатиот период целосно реализирани или започнати се бројни инфраструктурни проекти во населените места низ Дебрца. Во Оровник започна реконструкцијата на главната улица со ново осветлување и тротоари, инвестиција вредна 11,5 милиони денари, додека во Мешеишта се реализирани повеќе улици, партерно се уредува сретселото, а започната е и реконструкцијата на патот Мешеишта – Волино, вредна 15,5 милиони денари.

Во Волино е завршена реконструкцијата на Домот на културата, инвестиција од 6,5 милиони денари, а асфалтиран е и патот до црквата „Св. Петка“, со ново осветлување и пешачка инфраструктура.

Инвестиции во патната инфраструктура се реализирани и во Злести, Ботун, Лешани, Издеглавје, Долно Средорече, Годивје, Лактиње и други населени места, а особено значајни се средствата издвоени за патните правци до манастирите и црквите, како и санацијата на пристапните патишта до спомениците од историско значење.

Паралелно со инфраструктурните проекти, се работи и на долгорочно решавање на проблемите со водоснабдувањето и наводнувањето, при што во изградба е нова каптажа во месноста Опчели – Караорман, со која треба да се обезбедат дополнителни количини квалитетна вода за шест населени места, во Лешани се подготвуваат решенија за нова пумпна станица, додека во повеќе населени места се градат и бетонски канали за наводнување.

Значајни инвестиции има и во противпожарната заштита и комуналните услуги. Во Белчишта се гради гаража и противпожарна станица за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, вредна 2,4 милиони денари, ЈКП „Дебрца“ е опремено со нова механизација и возила, меѓу кои камион за смет дониран од град Виена, ново комунално возило, Volkswagen Transporter, специјална машина за чистење канализации, обезбедени се и 480 нови канти за отпад и нови униформи за вработените.

Особено внимание е посветено и на социјалните мерки, по што воведена е субвенција од 20.000 денари за полагање возачки испит за жителите до 21 година, поддршка за локалните продавници, мерки за поддршка на наталитетот, помош за младите брачни парови, како и финансиска помош за семејства погодени од елементарни непогоди и за лекување.

Во образованието, за првпат се обезбедени бесплатни училишни униформи за сите ученици, за првачињата се обезбедени по 10.000 денари и целосно опремени ранци, воведени се стипендии, награди, бесплатни екскурзии и поддршка за учество на натпревари, а општината вложува и во зачувувањето на културното и историското наследство, при што уредени се споменици од НОБ, пристапни патишта до повеќе значајни локалитети, а во Требеништа е започната реализацијата на проектот „Златна маска“.

Реализираните и започнатите проекти се доказ дека инвестициите во инфраструктурата, економијата, комуналните услуги, образованието и социјалната заштита се одвиваат паралелно, со цел подобрување на условите за живот во сите населени места во Дебрца.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер