Шоу бизАвторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајкаВинс Зампела, визионерски развивач на видеоигри и еден од клучните луѓе зад светски популарниот наслов „Кол оф дјути“ (Call of Duty), загина во тешка сообраќајна несреќа во неделата попладне. Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата се случила на кривулестиот планински пат, при што возилото скршнало од патот и удрило во бетонска ограда. Поради силата на ударот, сопатникот бил исфрлен од автомобилот, додека Зампела бил заробен во возилото, коешто потоа се запалило. Зампела починал на местото на несреќата. Сопатникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, починал од повредите в болница. Спортскиот автомобил беше напојуван од хибриден „В-6“ мотор којшто произведува повеќе од 819 коњски сили. Винс Зампела (55) е една од највлијателните личности во индустријата за видеоигри. Како со-основач на „Инфинити вард“ (Infinity Ward), тој беше клучен во создавањето на мега-успешниот серијал „Кол оф дјути“. Во 2010 година, тој го основа „Риспон ентертејнмент“ (Respawn Entertainment), студиото коешто ги донесе светските хитови како „Титанфол“, „Титанфол 2“, „Апекс леџендс“ и „Стар ворс џедај: Фолен ордер“. Неговото студио во 2017 година беше купено од гигантот „EA“, но Зампела продолжи да го води тој дел. „ЕА“ издаде официјално соопштение, каде што се истакнува „длабокото и далекусежно“ влијание на Зампела. „Ова е незамислива загуба и нашите срца се со семејството на Винс, неговите најблиски и сите оние што беа допрени од неговата работа. Влијанието на Винс врз индустријата за видеоигри беше длабоко и далекусежно. Пријател, колега, лидер и визионерски творец, неговата работа помогна во обликувањето на модерната интерактивна забава и инспирираше милиони играчи и развивачи низ целиот свет. Неговиот спомен и оставштината ќе продолжат да го обликува начинот на којшто игрите се изработуваат и како играчите се поврзуваат со генерациите што доаѓаат“, се вели во соопштението. Сведок на сообраќајната им доставил на властите видеоснимки од несреќата. Околностите што довеле до губење на контролата врз возилото сè уште се истражуваат. Тагови: Винс Зампела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook