Автопатот од Приштина до границата со Македонија готов до крајот на годината

 Автопатот од Приштина до границата со Македонија ќе биде готов до крајот на годината, најавија косовскиот премиер Рамуш Харадинај и министерот за инфраструктура Паљ Лекај кои денеска направија увид во градежните работи .

Тие, како што јави дописникот на МИА од Приштина, заедно со директорот на проектот Ријад Алкавзаи, ја посетија клучката на автопатот „Арбен Џафери“ кај селото Доганај, каде што се крева мостот Качаник-Генерал Јанковиќ во должина од 5,7 километри.

Алкавзаи ги информира премиерот и министерот дека на овој сегмент, кој е последен дел од автопатот што го поврзува косовскиот главен град со Македонија, се работи седум дена во неделата во две смени, за што се ангажирани над 300 домашни компании со околу 4.000 работници.

Харадинај по посетата напомена дека мостот кој се гради на тој дел е најголема таква градба во целиот регион.

- Им се заблагодарив на илјадниците работници и домашни фирми, како и на професионалниот тим на „Бехтел-Енка“ за нивните извонредни заложби, охрабрувајќи ги да ја задржат динамиката за завршување на овој проект до крајот на годината. Проектот на автопатот „Арбен Џафери“, а посебно импресивниот мост, претставува едно величествено дело, како доказ за нашата посветеност за регионално интегрирање, кое го отвора патот за остварување на аспирациите на Западен Балкан за обединување во европското семејство, напиша Харадинај на „Фејсбук“./МИА.

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

притисни ентер