МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
1МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
3СДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евра
АвтомобилизамАвтономен автомобил на Тесла им го убила синот- бараат отштета од компнијата на Маск Родителите на мотоциклист загинат во несреќа во 2022 година во која учествуваше Тесла Модел 3 на автопилот во Јута, го тужат производителот на електрични автомобили и возачот на возилото.Родителите на мотоциклист загинат во несреќа во 2022 година во која учествуваше Тесла Модел 3 на автопилот во Јута, го тужат производителот на електрични автомобили и возачот на возилото, тврдејќи дека софтверот за помош на возачот и другите безбедносни карактеристики биле „неисправни и несоодветни“. Лендон Ембри (34) починал на местото на настанот откако Модел 3 со автопилот со брзина од 75 до 80 милји на час удрил во задниот дел на неговиот мотоцикл Харли Дејвидсон, исфрлајќи го од моторот, се вели во тужбата поднесена во државниот суд во Саулт Сте до Лејк Сити минатата недела. Во тужбата се тврди дека возачот на Model 3 бил „изморен“ и „не можел да вози на начин на вообичаено внимателен возач“. Во тужбата се наведува и дека сензорите за автопилот, како што се камерите, „требале да ја идентификуваат опасноста што ја претставува моторот во негово присуство“. „Разумно внимателен возач или соодветен систем за автоматско сопирање, би можел и можел да забави или запре без да се судри со мотоциклот“, се вели во жалбата. Тесла не бил достапен за коментар. Тужбата ја зголемува зголемената контрола на системите за помош на возачот за автопилот и целосно самостојно возење на Tesla. Автомобил Tesla Model S бил во режим на „целосно самостојно возење“ кога удрил и усмртил 28-годишен мотоциклист во областа Сиетл во април оваа година, соопшти полицијата. Тесла ја реши тужбата во април во врска со несреќата во 2018 година во која загина инженер на Apple откако неговиот Model X, кој работеше на автопилот, излета од автопат во близина на Сан Франциско.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерницаПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Ристовски во „Вести плус“ Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Љупчо Ристовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евраВМРО-ОКГ повторно ја врти истата плоча - тврди дека наследиле долг од изминатите 35 години.А што направија тие за две години? За само две години Владата на Мицкоски направи околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е темпо што никој во 35 години независност не го постигнал. Касата е празна. Се задолжуваат секоја недела. Каматите скокнаа од 120 на 350 милиони евра годишно. Парите одат во криминални партиски тендери а не во плати и пензии, не одат кај земјоделците или за стандардот на граѓаните. ВМРО-ОКГ беше на власт речиси половина од тие 35 години, од Георгиевски, преку 11-те години на Груевски, до Мицкоски денес. И тие земаа кредити. И тие создаваа обврски. Сега се прават како да е сè „наследено“ и како да немаат никаква одговорност за новото задолжување. Бројките за некаков раст не ги полнат фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници, во сметките и во идните обврски што ќе ги плаќаат нивните деца и унуци. СДСМ земаше кредити за да им даде на граѓаните пари во време на најголема криза, после ковид пандемијата и светската економска криза. Разликата е јасна: * 8 милијарди евра долг - тоа е вкупниот долг што го создадоа сите претходни влади, во изминатите децении. * Мицкоски создаде 4 милијарди евра нов долг за само две години, без конкретни резултати за народот. Оваа организирана криминална група нема граници. Ниту во задолжувањето, ниту во префрлањето на одговорноста. СДСМ ќе продолжи да ги бара одговорите: каде одат парите од новите кредити, зошто касата е празна и до кога ќе се задолжуваат генерациите. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter