ЖивотАвтомобилите што ги возиме одат во историја - на возилата на иднината не им треба возач!Автономните возила на иднината ќе возат сами!- Влегувањето во автомобил ќе биде исто како кога влегувате во лифт. Ќе ќажете каде сакате да одите и ќе ве одвезе таму, со екстремно ниво на безбедност, и тоа ќе биде нормално - вели извршниот директор на Тесла, Елон Муск.Во говорот на Светскиот Самит во Дубаи извршниот директор на Тесла Елон Муск рече дека во следните две децении повеќето автомобили ќе бидат потполно самостојни. - Мислам дека ќе видиме извонреден напредок на автономијата и вештачката интелигенција - рече Муск и додаде дека по 10 години ќе биде необично да се произведуваат класичните автомобили. Автомобилите на Тесла веќе се произведени со систен на сензори кои овозможуваат полна автономија, и тие се показател што може да се очекува на пазарот во блиска иднина. Освен Тесла и други големи компании планираат во одредени временски рамки да развијат свои автономни возила. Компанијата Форд соопшти дека ќе вложи милијарда долари во истражување и производство на вештачка интелигенција, соопштувајќи ги своите планови за следните 5 години. Но, тоа не значи дека веќе во 2027 година автономните автомобили ќе доминираат на патиштата. - Во светот денеска има околу 2 милијарди класични автомобили а вкупното годишно производство изнесува околу 100 милиони. Ќе биде потребно време да се произведат доволно автономни автомобили - вели Муск и оценува дека преминот ќе се одвива околу 2 децении. - Влегувањето во автомобил ќе биде исто како кога влегувате во лифт. Ќе ќажете каде сакате да одите и ќе ве одвезе таму, со екстремно ниво на безбедност, и тоа ќе биде нормално - рече Муск.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20