АвтомобилизамАвтомобили само за колекционерите ,се прават рачно, се продаваат во пар (ФОТО)Овие автомобили се толку посебни што дури и Астон Мартин самиот не ги прави.Астон Мартин и Загато се здружија уште еднаш за да го прослават 100-тиот роденден на компанијата. Затоа, тие решија да направат уникатен модел базиран на карбонска верзија на V12 Vantage, како во купе, така и во спортска изведба. И за да биде поинтересна приказната, понудата е направена исклучиво во пар, а понудени се 19 од нив, или вкупно само 38 автомобили. Со карбонска прекривка и специјална иконографија, овие автомобили се најдобриот пример за концептот на уметноста на тркала. И златната буква Z не е единствениот доказ за ексклузивноста, затоа што има еден куп детали како покрив со две испакнатини или активен заден спојлер. Всушност, кога Vantage Zagato од 2011 година служи за инспирација, нештата не можат да бидат лоши. На крајот на краиштата, оригиналот е распродаден на слепо, по цена од околу 330,000 фунти. Одлична инвестиција затоа што сега секоја копија е најмалку тројно поскапа. Под хаубата има 5,9 V12 класичен, атмосферски мотор засилен на 600 КС. И сите купувачи кои ќе направат богатство од овие две уметнички дела, ќе добијат специјален пакет како подарок и ќе имаат можност целосно да го индивидуализираат автомобилот. Освен тоа, ќе може да го следат создавањето на автомобилите што рачно ќе се прават во новата сала во Ворвик. А новиот бренд R-Reforged, кој е во сопственост на швајцарската AF Racing Group, е одговорна за целиот потфат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПравославната црква ја одбележува Голема БогородицаПравославната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче на литургија во Лешочкиот манастир Филипче синоќа беше во Лешок.Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter