Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност
2Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
АвтомобилизамАвтомобил-временска капсула: Се продава скоро ново Ауди „V8“од 1990 годинаОвој автомобил ни нуди увид во тоа како изгледале најлуксузните Ауди модели пред 30 години.Ауди „V8“ е претставен 1988 година, како автомобил кој ќе им парира на автомобилите во високата класа од Мерцедес и БМВ. Овој модел е претходник на првата генерација на луксузната лимузина „А8“, која во нареднитре децении ќе биде врвот на понудата на германскиот произведвуач. Овој автомобил е револуционерен за Ауди, бидејќи за прв пат во еден продукциски модел од овој бренд е ставен „V8“ мотор. Исто така ова е првото Ауди со „Quattro“ погон кое за пренос на силата користи автоматски менувач. Во почетокот под хаубата се наоѓат 3.6 литарски „V8“ со 250 коњски сили, а купувачите можеле да бираат помеѓу мануелен менувач со 5 брзини и 4 степен автоматик. Од август 1991 година Ауди започнува да вградува 4.2 литарски „ V8“ со 280 коњски сили. Автоматскиот менувач и понатаму бил ист а намуелната опција овој пат била сочинета од 6 степен рачен менува. Од октомври 1988 до ноември 1993, произведени се околу 21.000 Ауди „V8“. Сепак, времето си го прави своето, па денес е е лесно да се најде зачуван примерок од овој модел. Меѓутоа, неодамна во Холандија е ставен на продажба модел Ауди „V8“ од 1990 година во совршена состојба, со вкупно 218 поминати километри. Првите 157 километри ги поминал првиот сопственик во Белгија, а подцна во 2016 автомобилот го купил еден колекционер кој го возел вкупно 61 километар. Во себе овој автомобил го има споменатиот 3.6 литарски „V8“, а силата ја пренесува на сите 4 тркала преку 4 степениот автоматски менувач. Стандардната опрема за тоа време била многу богата, а опфаќа „ABS“ систем, предни седишта со електронско подесување со меморија на возачкото седиште, греење на сите седишта, автоматска клима, прозор на кровот, ретровизори со електронско подесување, прозорци со електрички команди и уште многу други работи. Овој автомовил-времеснска капсула се продава по цена од 74.950 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП ПОЦТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорностСали ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток. Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека странското манипулирање со информации, кибернападите и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество претставуваат заеднички закани за земјите членки на ЕУ и за земјите кандидатки. Според него, демократската отпорност стана суштински дел од европската безбедност. Учеството во Центарот би ѝ овозможило на Македонија навремен пристап до европските процени на заканите, механизмите за рано предупредување, експертизата и оперативните мрежи. Истовремено, би ги зајакнало капацитетите за спротивставување на дезинформациите, стратешката комуникација и кибербезбедноста, како и поддршката за независните медиуми и граѓанското општество, придонесувајќи за реформите во темелните области на пристапниот процес. Министерот истакна дека Македонија има намера да биде не само корисник, туку и активен придонесувач, споделувајќи го своето искуство во справувањето со хибридните закани. Тој информираше дека се започнати внатрешни подготовки за суштинско учество, дека Министерството за правда е определено како координативна институција и дека се назначени контакт-точки за комуникација со Секретаријатот на Центарот. На крајот, Сали повика на потесна соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан, нагласувајќи дека раното вклучување на земјите кандидатки во европските инструменти го претвора проширувањето во конкретен придонес за безбедноста, демократијата и единството на Европа. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаТехнолошки холдинг ќе ја преземе „Bumble“: акциите пораснаа за 50%Акциите на „Bumble“, компанијата што стои зад популарната апликација за запознавање, вчера скокнаа за речиси 50 отсто по веста за напреднати преговори за продажба.Технолошкиот холдинг „Ithaca“ би можел уште оваа недела да објави договор за преземање на фирмата со седиште во Тексас за околу една милијарда долари, објави „Wall Street Journal“. Скокот на цената на акциите ја зголеми пазарната вредност на „Bumble“ на над 580 милиони долари, пренесува „BBC“. И покрај растот, оваа вредност останува значително пониска од 14-те милијарди долари на колку се проценуваше компанијата на врвот на својата популарност по излегувањето на берзата „Nasdaq“ во 2021 година. „Bumble“ е една од најпознатите светски апликации за запознавање, но работи на заситен пазар каде што растот е забавен. Апликацијата беше лансирана во 2014 година од Витни Вулф Херд, коосновач на ривалската апликација „Tinder“. Таа го изгради брендот „Bumble“ околу правилото што им дозволуваше само на жените да го иницираат разговорот со лицата со кои се совпаднале. Помладите корисници чувствуваат замор Компанијата неодамна го укина тоа ограничување, што предизвика дебата меѓу корисниците за тоа дали апликацијата ја изгубила својата клучна карактеристика по која се разликувала од другите. „Нашата заедница денес бара поголема флексибилност, помалку притисок и повеќе можности за воспоставување вистински, значајни врски, а ова ново искуство го овозможува токму тоа“, изјави Вулф Херд во август. Апликациите како „Bumble“ се соочија со притисок во последните години бидејќи помладите корисници се уморија од бескрајното прелистување профили во потрага по партнер. Во 2025 година, „Bumble“ најави отпуштање на речиси една третина од својата работна сила, а целата индустрија се соочи со феномен што Вулф Херд го опиша како „пресвртна точка“ во онлајн запознавањето. Возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање Инвестициите во други компании за запознавање исто така забавија бидејќи апликациите тешко успеваат да ги мотивираат корисниците да плаќаат за нивните услуги. Акциите на „Match Group“ – сопственик на „Tinder“, „OkCupid“ и „Hinge“ – исто така забележаа остар пад во споредба со нивните рекордни вредности од 2021 година. Според извештајот од 2025 година на регулаторното тело „Ofcom“, возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање отколку пред три години. Наместо тоа, некои самци се свртуваат кон собири за играње друштвени игри, книжевни клубови и други групни активности, со надеж дека ќе запознаат партнер. Извор: Индекс.хрТагови: Bumble Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook