Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение - Канал 5

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение

Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници.

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение

Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.

Според претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, подготвени се на заеднички протест со камионските превозници доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.

- Изразуваме длабока загриженост од начинот на кој Европската Унија го применува правилото за престој (90/180) во шенген-зоната, кое без исклучок се однесува и на професионалните возачи. Овој начин на пресметување и евиденција за престој во шенген-зоната има сериозно негативно влијание врз работењето на превозниците и целокупното стопанство. Нашите компании со години вршат превоз на балкански тури што гравитираат низ земјите во регионот, вршат меѓународен превоз организиран од страна на тур-оператори и туристички агенции, а новиот начин на евиденција го отежнува нивното секојдневно работење, како и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници - изјави претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, за МИА.

Ако се земе предвид статистичкиот податок дека на месечно ниво во 2025 година во нашата држава во просек престојувале по 100.000 туристи за кои нашите превозници и туристички агенции извршиле превоз на разни дестинации, посочува Трпковски, последиците од мерката на Европската Унија би биле поразителни.

- Ограничувањето на движењето на возачите не само што го попречува нивниот ангажман, туку предизвикува последици и врз фирмите и граѓаните, а ќе доведе до длабоки економски последици, намалување на приходите во туризмот, затварање многу фирми и мали бизниси, губење работни места, намалена конкурентност на нашите компании за превоз, губење на странските партнери и огромен пад во стопанството со огромно нарушување на туристичките, економските и трговските текови - вели Трпковски.

Нашата заложба, дополнува тој, е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата „Макам-транс“ и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.

- Асоцијацијата „Исток“ апелира до Европскиот комитет и надлежните служби да изнајдат фер и применливо решение, кое ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока - изјави претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вчера почнаа блокада на товарниот сообраќај на премините кон шенген-зоната. Тие сметаат дека ЕЕС-системот ги дискриминира во однос на превозниците од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.

Од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“, вчера, на првиот ден од протестот изразија надеж дека ќе наидат на разбирање од страна на европските држави.

- Станува збор за професионална дејност - транспортна. Лицето работи во сопствената држава, возилото е регистрирано во сопствената држава и, едноставно, може да се каже дека Европа на овој начин сака да нè спречи да работиме - изјави Билјана Муратовска од „Макам-транс“ потсетувајќи дека со секоја држава имаме потпишано билатерални договори во областа на превозот, кои дозволуваат пристап и движење на нивна територија.

Економска оправданост за тоа да се обезбедуваат по двајца возачи кога нема доволно возила, според Муратовска, воопшто не постои. Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците - рече Муратовска.

Посочи дека ова е огромна дискриминација кон патниот превоз затоа што со постојната регулатива Европската Унија го ослободила од броење денови за престој секој друг вид превоз - бродскиот, железничкиот и јавниот превоз.

- Поентата не е да ја заглавиме сопствената стопанска активност, туку да покажеме што може да се случи во одреден период. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади, ниту сакаме да им нанесеме штета на нашите производители, трговци и на населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок. Ако Европската Унија не може да издржи еден месец ваква состојба, тогаш јасно е дека овие мерки не може да траат подолго - изјави Муратовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Кина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море.

Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот.

Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта.

Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер