Австрија ги отвора границите за 20 европски земји , но не и за Шведска

Австрија ќе ги отвори границите следната недела и ќе ги отстрани барањата за патнички карантин за повеќе од 20 европски земји, соопштија денеска властите, како чекор за олеснување на преземените мерки за запирање на ширењето на коронавирусот.

Одлуката првенствено треба да ги олесни тензиите со Италија, откако Австрија го издвои својот јужен сосед како земја чии граѓани мора да поминат низ постојани проверки пред да влезат во земјата, со оглед на големиот број Италијанци заразени и починати од ковид-19.

Австрија, која граничи со осум земји, минатата недела ги укина граничните ограничувања за сите освен за Италија, поради што Рим рече дека ваквите „индивидуални“ решенија му штетат на имиџот на ЕУ како блок од 27 држави.

Од 16 јуни, Австрија ќе ги укине проверките на патиштата за повеќе од 20 држави, изјавија официјални лица кои сакаат да останат анонимни, што значи дека патниците кои пристигнуваат од тие земји не би требало да одат во двонеделен карантин или да покажат негативен тест. на вирусот.

Отстранувањето на контролите нема да ја вклучи Шведска, изјавија официјалните лица, додавајќи дека деталите ќе бидат финализирани утре на министерскиот состанок.

Шведска не воведе општ карантин против вирусот, за разлика од повеќето земји.

Се претпоставува дека Австрија целосно ќе ги укине барањата за карантин само за жителите на Италија кои доаѓаат од регионите кои се помалку погодени од инфекцијата.

Владата соопшти дека се надева дека ќе ја отвори границата што е можно поскоро, додавајќи дека некои италијански региони напредуваат во намалувањето на стапките на инфекција.

Трите северни италијански региони кои граничат со Австрија, направија големи чекори за намалување на стапките на инфекција.

Северна Италија имала најголем број зарази и смртни случаи од ковид-19, додека на југ имало многу помалку случаи.

Бајден: Полицајците го претставуваат најдоброто во нас

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа во Северна Каролина се сретна со семејствата на четирите полицајци кои беа убиени за време на службена акција. 

Средбата доаѓа само една недела по сличната посета на најблиски на двајца убиени полицајци во северниот дел на сојузна држава Њујорк.

Патувањето беше со цел да ја оствари оваа посета, но во приватна атмосфера, без многу камери и зад затворени врати.

-Целата нација жали со овие семејства, изјави тој по следното застанување на кампањската турнеја во Вилмингтон, Северна Каролина, каде објави нови мерки за отстранување на оловните цевки од водоводниот систем на САД.

Toj потоа се обрати во Воздухопловната национална база на Северна Каролина каде локалните служби за безбедност можеа да дојдат без многу патување и во време кога сеуште се опоравуваат од смртта на нивните колеги, но кои помогнаа во обезбедувањето на претседателот.

-Мажи и жени од службите за безбедност, вие го претставувате најдоброто во нас, изјави Бајден од подиум во базата.

Тој уште еднаш повика на порестриктивни мерки за поседување оружје и повеќе пари за полицијата која е во првите борбени редови.

Минатата недела во Северна Каролина беа убиени четири полицајци откако лице кое требаше да го уапсат поради поседување оружје како поранешен осуденик отвори оган во нив од полуавтоматска пушка АР-15.

За време на акцијата уште четири службени лица беа повредени. Осомничениот беше убиен.

Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати

Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, а околу 15.000 жители се евакуирани.

Брана на хидроелектрана во бразилската држава Рио Гранде до Сул се урна поради поплавите предизвикани од неколкудневните обилни дождови, а најмалку 500.000 луѓе останаа без струја и чиста вода, јавува Би-Би-Си.

Во акцијата за пребарување и спасување беа вклучени и хеликоптери, а во некои населби жителите се качија на покривите на нивните поплавени домови.

Борел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде

Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии .

Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии преку разоткривање на неправдите, барање на одговорност од лидерите и овозможување граѓаните да носат одлуки базирани на информации, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

- Во 2024 година, кога се одржуваат избори во над 60 земји ширум светот, работата на новинарите е позначајна од кога било. На овој Светски ден на слободата на медиумите, ја почитуваме нивната работа и храброст. Како наши очи и уши, новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде, наведе Борел во изјавата дадена во име на Европската Унија.

Тој нагласува дека ЕУ цврсто ги осудува сите акти на насилство, вклучително и заканите, врз новинарите при вршење на нивната професија, без разлика дали потекнуваат од држави, организирани групи или поединци.

- Не смее да има неказнивост за ваквите злосторства, без разлика каде се случуваат, дециден е Борел.

Според него, новинарите и медиумските работници кои известуваат од вооружени конфликти мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право.

- ЕУ изразува жалење за драматичното зголемување на бројот на убиени или повредени новинари додека известуваат за разорните последици од војната. Премногу новинари ги загубија животите во последните месеци додека ни ги пренесуваа вестите од Газа. Новинарите, исто така, продолжуваат да се изложени на ризик на дневна основа додека известуваат за руската агресивна војна против Украина, како и од конфликтите во Мјанмар, Судан и на други места, се додава во изјавата.

Борел натаму посочува и дека ЕУ изразува сериозна загриженост поради праксата за оневозможување на пристап на независните медиуми до конфликтните зони како начин за контрола на информативниот простор и ограничување на пристапот на јавноста до објективно известување базирано на факти.

- Ширум светот, независните медиуми се соочуваат со голем број егзистенцијални закани. Повеќе од кога било, ние мора да преземеме решителна акција за да обезбедиме дека медиумите можат да работат во остварливи политички, економски и правни услови, потенцира Борел.

Тој нагласува дека ЕУ направи значаен чекор во тој правец со усвојувањето на Европскиот закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

- ЕУ останува цврсто посветена на својата заложба за заштита на слободата на медиумите и плурализмот ширум светот. Во одбраната на слободата на медиумите, ние го штитиме не само нашето право да знаеме, туку и нашата способност да ја обликуваме иднината водена од вистината и одговорноста, додава Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

притисни ентер