ТенисАвстриецот Шварцлер го освои „Македонија Опен“Младиот 18-годишен австриски тенисер Жоел Шварцлер е победник на годинашново издание на „Македонија Опен“, откако во финалето денеска го совлада Полјакот Камил Мајхчак со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).Финалниот дуел траеше еден час и 21 минути. Шварцлер е во моментов најдобриот светски јуниор, а ова е негов прв триумф на Челинџер турнир во кариерата. „Честитки за организаторите. Ова за мене беше одлична недела. Одиграв одличен турнир и задоволен сум од мојот настап. Ова е голем успех за мене и прв освоен Челинџер турнир, затоа сум пресреќен“, изјави Шварцлер. Шварцлер за триумфот на „Македонија Опен“ ќе добиве 75 поени и 10.200 евра, додека финалистот Мајхчак ќе добие 44 поени и 6.015 евра. Во конкуренција на двојки победија Сигерман и Трхач од САД откако во финалето со 2-0 во сетови ги победија Поулсен и Рикл од Чешка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЗапочнаа подготовките и на младинската репрезентацијаВо салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи, а воедно беше утврден и планот за работа во подготвителниот период. Младите македонски кошаркари ова лето ќе бидат дел од континенталниот шампионат кој од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, каде Македонија ќе настапува во групата „А“. Во рамките на подготовките, стручниот штаб предводен од Велев предвиде вкупно 23 тренинзи преку кои ќе се работи на достигнување на посакуваната форма пред европските предизвици. Во групната фаза нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. На првиот тренинг беа присутни, но не тренираа, Никола Јаничиќ и Димитар Зетов. Подготовките ги започнаа: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Матеј Митревски, Коста Ќириловски, Андреј Стојановски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Горазд Митев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов и Максим Трајковиќ. Со стартот на работата на младинската селекција, започна и новиот репрезентативен циклус за македонските млади кошаркари, кои во следниот период ќе се подготвуваат за настапот на европската сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеТрибина: Органодарителството и значиењето на трансплантацијатаПретставници на здравствени инстутуции, трансплантациски тимови, владини претставници, студенти учествуваат на трибината посветена на органо – дарителството и значењето на трансплантацијата.. Трибината на Медицинскиот факултет ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.. Мими, какви пораки произлегоа од собирот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Од денеска М-ТАГ лентите на патарините само за корисниците со електонски таговиИзмените стартуваат од денеска, а на корисниците на М карта, на кои им е забрането да поминуваат во лентата за електронски таг, освен во лентите означени за М Карта, ќе можат да поминуваат и во лентите за плаќање во готово. Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски во изјава за канал 5 ги објасни причините за ваквата новина, а напомена дека истата е најавена од први јуни. Сепак, и покрај навремената најава, нашата екипа за кратко време забележа неколку возила кои поради непочитување на новината, мораа да се вратат назад и да платат патарина на друга лента. Трајановски информира дека М Таг има на сите наплатни рампи, освен на патарината кон Гостивар за каде е планиран нов, затворен систем на напрата, а најави и соработка со соседните држави, со цел да се овозможи плаќање со М таг и надвор од државата. Трајановски апелира до возачите да ја почитуваат ова новина, со цел да се избегнат поголеми застои на патарините како и за поголема безбеднос и ефикаснос во сообраќајот.+ +Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter