2Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Други спортовиАвстралијката Ема МекКион со историски успех на Олимпијадата Австралијката Ема МекКион освои злато во спринт и триумфираше во дисциплината 50 метри слободно,а во штафета за жени 4х100 метри мешано, стана првата пливачка во историјата која освоила седум медали на едни Игри.Американецот Кејлеб Дресел стана најуспешниот пливач во Токио со три индивидуални златни медали (50 метри и 100 метри слободно, 100 метри пеперутка) и два во штафети (4x100 метри мешано, 4x100 метри слободно), поставувајќи два светски и два олимписки рекорди. Дресел го отвори последниот ден од пливачките натпревари со триумф на 50 метри слободно со најдобар резултат во историјата на Олимписките игри (21,07 секунди) во оваа дисциплина и со огромна предност пред второпласираниот Французин Флорен Манаду (21,55). Бронзата ја освои Бразилецот Бруно Фратус (21,57). Тогаш Ема МекКион постигна спринт -дабл со освојување на 50 метри слободно и таа, како и Дресел, постави нов олимписки рекорд (23,81 секунда). Швеѓанката Сара Сјестром (24 јули) освои сребрен медал, а Данката Пернил Блуме освои бронза (24:21). Она што го направија МекКион и Дресел во спринтерските дисциплини, го направи на долги растојанија во Токио 21-годишниот Американец Роберт Финк, кој по освојувањето на златото на 800 метри ја освои и титулата олимписки победник на 1500 метри со време од 14: 39,65 минути. Европскиот шампион Украинецот Михаил Романчук (14: 40,66) го освои сребрениот медал, а Германецот Флоријан Велброк (14: 40,91) заврши со бронза. Бранителот на титулата од Рио де Жанеиро, Италијанецот Грегорио Палтриниери, кој заврши четврти по среброто на 800 метри на 1500 метри, остана без медал. Натпреварите во пливање завршија со штафетни трки 4х100 метри мешано. МекКион исплива во штафетата на жените во Австралија, која освои златен медал со олимписки рекорд (3: 51,60 минути) благодарение на одличниот финиш на Кејт Кембел. Во последната промена, таа на слободен начин ја престигна Американката Опатија Вајцеил и стигна до целта 13 стотинки пред неа. Бронзата ја освоија Канаѓанките (3: 52,60). На крајот, штафетата на Американците за мажи постави нов светски рекорд (3: 26,78 минути), повторно со голем придонес на Келеб Дресел кој ја преплива третата делница (пеперутка) и ги донесе Американците од третото место по градно до врвот на трката со 60 проценти предност пред второпласираните Британци., а Зак Епл успеа да ја зголеми таа предност уште повеќе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКарпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздухОпштина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина.Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа во присуство на овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош. По добивањето на официјалниот извештај и анализата на резултатите од извршените мерења, доколку бидат констатирани неправилности, надлежните ќе преземат соодветни мерки и активности, согласно законските овластувања. Општина Карпош потенцира, дека контролата и следењето на состојбата со амбиенталниот воздух претставуваат важен дел од заложбите за создавање почиста и поздрава животна средина. Локалната самоуправа упатува апел до сите правни и физички лица, доследно да ги почитуваат мерките и законските обврски за заштита од загадување, со заедничка одговорност кон животната средина. Единствено со таков пристап би сé подобрил квалитетот на воздухот, кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаМицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија Изјава на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на реновираната зграда за неврофизиологија.„Добар ден и од мене, не можам а да не кажам дека сум исклучително среќен и задоволен од она што уште еден проект е заврши, уште еден објект е реновиран. Уште еден објект може да понуди поквалитетни услови за нега и грижа на пациентите. Нешто што со децении до сега не било нити помислено да е нешто реновира, а камо ли да се направи. Еве сега се заврши. Слушнавте од претходниот говорник за тоа што се е направено, јас не би сакал да се повторувам. Би сакал да му честитам на директорот за сето она што го прави, инспирира со својата работа и очекувам така да продолжи и понатаму. Се разбира дека здравството е еден од нашите врвни приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен систем, во рамките на тоа зборуваме за Клиничкиот центар во Штип, за клиничката болница Тетово, за здравствениот дом со проширена дејност во Кичево. Но, исто така работиме и на проект со кој што ќе се консолидираат конечно општите и заеднички служби при Клиничкиот центар тука во Скопје. Состојба која што беше наследена од претходната влада со десетици милиони евра долг. Но, исто така и во рамки на хортикултурното уредување, на енергетската ефикасност на самите згради кои што се во овој клинички центар бидејќи тоа е дел од реформската агенда, да секоја година реконструираме и реновираме отприлика и енергетски-ефикасни направиме повеќе од 3% од јавните објекти. Приоритетите биле дефинирани за првиот бран од претходната влада, сега ние ги дефинираме за вториот бран и Клинички центар ќе биде тој приоритет, се разбира. И продолжуваме и понатаму да работиме во делот на соодветна локација и преговори со приватни сопственици за таа локација да изградиме еден нов голем клинички центар, ја знаете локацијата која е. Така што сето ова очекувам во периодот кој што следи да биде завршено и на тој начин да продолжиме со инвестиции во рамките на здравството. Проблеми има, ќе повторам не е идеално, впрочем никаде не е идеално, проблемите се таложеле со децении, но добро е што не се создаваат нови, а старите се решаваат и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да функционираме. Уште еднаш благодарам на директорот, на тимот, на персоналот, на сите доктори, на медицинскиот персонал кој што апсолутно додава вредност во сите овие проекти, кој што работи би рекол посветено да понуди услуга повеќе за оние на кои што таа услуга им е потребна и благодарност за трпението на пациентите кои што го имаат затоа што сепак е потребно е време сите овие проекти кои што со децении не биле би рекол ниту во оптиката на било кое претходно раководство, сега бидат реконструирани и пуштени во употреба. Така што еве, продолжуваме и во периодот кој што следи заедно со министерот, заедно со директорот на Фондот, заедно за директорите по болниците, со вработените, со лекарите, со медицинскиот персонал да дадеме максимумот од тоа кое што можеме и го имаме на располагање. Ви благодарам.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободниВМРО-ОКГ и Мицкоски повторно ја врти плочата: Врховниот суд ја укинал пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – и сето тоа е „судство под контрола на СДС“.Класична проекција на арамијата Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Две и пол години сте на власт. Вие ја презедовте полицијата. Вие ја презедовте АНБ. Вие ги презедовте обвинителствата. Вие ги презедовте судовите. Вие ги именувате кадрите. Поставувате сопруги на функционери на ВМРО-ОКГ, кадри на Сашо Мијалков, советници на Мицкоски, партиски послушници. Вие седнувате до државниот обвинител и испраќате закани за „расчистување со талогот“. Мицкоски, преку телефон, телевизија и собраниската говорница, нарачува истраги. Менува и избира обвинители преку телевизија. Ги навредува поранешните обвинители и ги нарекува медиокритети. Вие ги ослободувате Латас и Груевски. Вие си го враќате имотот стекнат преку криминал, измислувајќи апелациски дефиниции… Сето тоа го правите вие и Мицкоски, вашиот шеф на бандата. А сега, кога некоја одлука не ви одговара - повторно е „вина на СДС и ДУИ“. ДУИ со кои договарате вонредни избори? Кога вашиот возач зема мито – се оградувате. Кога телохранителот на Мицкоски тепа жена – вие го ослободувате. Кога 5 тони дрога ги испраќате преку граница до сестринската СНС и Вучиќ – нема одговорни. Ги отфрлате пријавите до обвинителството за Мицкоски и членовите на бандата преку ноќ. Пријавите за труење на водата стојат во обвинителството и никој не ги гледа. Кога вашите кадри се вмешуваат во тендери – молчите. Кога вашите луѓе имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши – молчите. Кога вашите министри го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид – молчите. Но кога судска одлука не ви се допаѓа – веднаш е „контрола на опозицијата“. Сакате да го прикриете фактот дека институциите сега се под ваша контрола и дека правдата е селективна - за вашите луѓе една, за другите друга. Но, не може. Сите веќе знаат. СДСМ бара едноставно: Независно судство. Независно обвинителство. Еднаква примена на законот за сите - без разлика дали се викаат Мицкоски, Јанушев, Тошковски или некој друг. Затоа СДСМ ја сака Европа, затоа што Европа носи независно правосудство и европско обвинителство. А затоа вие не ја сакате Европа, бидејќи тогаш вашата организирана криминална група, со шефот Мицкоски, веќе би била зад решетки. Додека тоа не се случи, додека не се ослободат институциите, а власта не се врати во рацете на народот, секоја приказна за „судство под контрола на СДС“ е само уште една лага од организираната криминална група што ја зароби државата. Да е правосудството слободно, вие немаше да бидете слободни. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11