Австралијанците конечно открија кога и како ќе се одржи Australian Open - Канал 5

Австралијанците конечно открија кога и како ќе се одржи Australian Open

Се поверојатно е дека првиот тениски Грен слем турнир во новата сезона, Австралија опен во Мелбурн, ќе се одржи од 8 до 21 февруари 2021 година, а на играчите ќе им биде дозволено да тренираат надвор од хотелските соби, објавија австралиските медиуми.

Австралијанците конечно открија кога и како ќе се одржи Australian Open

Засега нема официјална потврда за промената на датумот според кој Австралија Опен требаше да се одржи од 18 до 31 јануари 2021 година.

Австралиската држава Викторија веќе еден месец нема ниту еден случај на коронавирус, а владините претставници потврдиле во разговорите со австралиската тениска федерација дека сите играчи ќе мора да поминат низ процес на изолација пред да играат на Австралија опен. Според извештаите на австралиските медиуми, извршниот директор на австралиската тениска асоцијација Крег Тили преку е-пошта до играчите потврдил дека властите на Викторија им дозволиле да тренираат за време на двонеделниот процес на изолација.

„Требаше малку повеќе време, но одличната вест е дека веројатно ќе можеме да го одржиме Австралија опен од 8 февруари. Играчите ќе треба да бидат во двонеделна изолација од 15 јануари, но владата на Викторија го договори тоа дека за оние кои учествуваат на Австралија опен им треба посебен статус затоа што тие мора да бидат во можност да се подготват за Грен слем турнирот “, беше цитиран Тајли во извештаите во медиумите.

„Условите за изолација ќе бидат многу строги, но после тоа играчите ќе можат да престојуваат каде сакаат, да одат каде сакаат, да играат на подготвителни турнири и потоа да учествуваат на Австралија опен пред значителен број на гледачи во одлична атмосфера, првпат по многу месеци. „рече Крег Тајли.

Францускиот спортски дневник Л’Екип спроведе сеопфатен план за одржување на Австралија опен, според кој сите треба да дојдат во Мелбурн помеѓу 15 и 17 јануари и да останат во изолација до 31 јануари, без никој да го помине тој период од две недели повеќе од пет часа надвор од хотелската соба и целото тоа време би било посветено на тренинзите, на терени или во теретана и третмани со физиотерапевт. Сите овие активности би се одвивале во изолирани услови во паркот Мелбурн.

Австралиската тениска федерација соопшти дека се уште чекаат потврда за сите детали и одобрување од властите на Викторија, а премиерот на оваа сојузна држава Даниел Ендрјус денеска изјави дека деталите за постапката во врска со одржувањето на Австралија опен е во последната фаза.

"За разлика од другите турнири што тенисерите ќе ги играат следната година, само Австралија опен е турнир што може да го донесе вирусот во градот. Ние сме единствени по тоа што направивме нешто што никој друг го нема, па мора да го зачуваме и мислам дека можеме “, рече Ендрјус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер