Австралија планира да ги забрани мобилните во државните училишта - Канал 5

Австралија планира да ги забрани мобилните во државните училишта

Мобилните телефони ќе бидат забранети во сите државни училишта во Австралија доколку лабуристите победат на претстојните избори во Нов Јужен Велс (NSW).

Австралија планира да ги забрани мобилните во државните училишта

Лидерот на лабуристите во Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека, доколку биде избран, ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата бидејќи верува дека тоа е „најголемиот проблем со кој се соочуваат младите“.

Соопштението следи по неодамнешниот случај кога неколку студенти на Нокс Грамар биле избркани поради споделување расистичка и женскогинистичка содржина преку онлајн соба за разговор.

„Просечниот наставник не може да каже дали ученикот се обидува да реши комплициран проблем или се дружи на TikTok среде час“, рече Минс.

Мобилните телефони се забранети само во основните училишта во Нов Јужен Велс, а Минс планира да воведе забрана и во средните училишта. Тоа веќе го направија државите Западна Австралија, Јужна Австралија и Викторија.

„Во моментов можете да го извадите мобилниот телефон на сред час и да кажете дека е за едукативни цели. Очигледно, наставникот не може да знае дали тоа е вистина или не. Ќе оставиме на училиштата да одлучат дали ќе ги собираат сите телефони на почетокот на денот или ќе имплементираат правило дека не смеат да се вадат за време на часот“, ја објаснува својата визија Минс.

Таблетите сè уште ќе бидат дозволени за употреба во училницата, а Минс се надева дека има технички можности за да се осигура дека правото нема да се злоупотреби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести

Поранешниот командант на босанските Срби, Ратко младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ за медиумите.

Србија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести

„Неговата улога е позната, но она што му припаѓа на генералот Младиќ сигурно ќе биде почитувано. Би сакал да истакнам дека Република српска не е таа што одлучува тука, семејството ќе одлучи и за местото каде што ќе биде погребан бидејќи тоа е прашање на неговото семејство“, изјави Вујиќ за АТВ. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер