ТехнологијаАвстралија: „Космос“ критикуван поради „научни“ статии напишани со ВИУгледното австралиско научно списание „Космос“ е на удар на критики од научната јавност, поради објавување статии напишани со помош на вештачка интелигенција (ВИ), коишто стручњаците ги оценија како неточни и премногу поедноставени.Списанието, коешто го објавува Австралиската национална научна агенција, со помош на компјутерската програма „ГПТ-4“ на „Опен-АИ“ напиша и објави шест статии минатиот месец. Здружението на научни новинари на Австралија ги критикуваше публикациите, додавајќи дека употребата на ВИ за пишување научни написи е причина за сериозна загриженост. Претседателот на Здружението, Џексон Рајан појасни оти во написот „Што се случува со нашите тела по смртта?“, генериран од ВИ, научните описи се неточни или многу поедноставени. - Несоодветно е и неточно тоа што ВИ го нарекува процесот на автолиза, односно фазата во којашто клетките на телото се разградуваат од сопствените ензими по смртта - „самоуништувачки“, наведува Рајан. Исто така, иако нема прецизни резултати од научните истражувања за тоа колку време е потребно за телото да се вкочани по смртта, ВИ „тврди“ дека тоа се случува три или четири часа по смртта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДобри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања. Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми. „Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој. „Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“ Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија? „Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“ Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена. Извор: Б92Тагови: Nintendo Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter