3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаАврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи„Либерално-демократската партија и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи“, вели во својата изјава за медиумите портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски.„И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива за ЛДП. Нашите пратеници во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за истата оваа реформа. За жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка. Но ние не се откажуваме“, посочува Аврамовски. Тој додава дека утре, понеделник, преку претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, ЛДП повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието за воведување на една изборна единица и отворени листи. „Како прва политичка партија која јавно ја поддржа оваа идеја, уште еднаш ја нагласуваме потребата од праведен и транспарентен изборен модел, кој ќе обезбеди еднаквост на гласот и директно на граѓаните во изборот на нивните претставници. Цврсто веруваме дека оваа промена ќе донесе поголема транспарентност, поголема одговорност на избраните претставници, како и посилна демократија во нашата земја“, изјавува Аврамовски. Аврамовски во име на ЛДП, ги повика сите политички партии како и граѓанскиот сектор на отворен дијалог и заедничка работа, со една цел - конечно усвојување фер, праведен и современ изборен модел, кој ќе им служи на сите граѓани подеднакво. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Аврамовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
КошаркаМакедонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во ЕвролигатаЦентарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70 против фаворизираниот Фенербахче.Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка. Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди. Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона. Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81). Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаМицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општинитеДенес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево. „Добар ден и од мене. Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево. Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај. Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија. Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани. Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење. Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветВидео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на ФилипинитеПатнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот. Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао. NEW: Air Niugini Boeing 767-383ER passengers and crew evacuated on the runway at Davao International Airport in the Philippines after an engine fire indication while en route to Papua New Guinea. The right main gear was doused by water after the brakes overheated during the emergency landing. 4 tires on the right main gear were damaged. The Civil Aviation Authority of the Philippines confirmed that all 137 passengers and nine crew members on board were safe. https://t.co/RNv1MYl7bj — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) November 21, 2026 Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица. Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето. Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот. Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето. All 146 passengers and crew aboard an #AirNiugini flight are safe after pilots divert the aircraft from #HongKong to Davao City in the #Philippines following a possible engine fire warning Footage shows passengers evacuating the plane using emergency slides after it lands safely https://t.co/24GZoWDZrs — Newslive 24x7 🅧︎ (@kanpurtak) November 21, 2026 Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter