АВМУ: Законите за медиуми не даваат надлежност на регулаторот да испитува потекло на капиталот

Законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во реакција на денешното соопштение на Здружението на новинари на Македонија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е непријатно изненадена од денешното соопштение на Здружението на новинари на Македонија во кое тенденциозно се сугерира дека Агенцијата не постапила во врска со можната злоупотреба на 1 ТВ за нелегални активности.

Дејствувањето на Бојан Јовановски и евентуалната злоупотреба на медиумот од негова страна се предмет на постапување на обвинителството, судството, финансовата полиција, а не на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којашто го следи почитувањето на законите за медиуми. Во овој контекст, Агенцијата континуиран врши надзор врз радиодифузерите, при што правилата за сопственичка структура не се исклучок. На 4 јули, донесена е одлука за поведување постапка за проверка на сознанијата дали Бојан Јовановски е сопственик на 1 ТВ, односно дали е нејзин таен содружник. Постапка (во февруари) беше поведена и поради именување на сопругата на еден од основачите на 1 ТВ за носител на јавна функција. Јавни реакции беа упатени и поради прекршување на програмските стандарди и заканите кон новинарка од друг медиум поради нејзините критики за емисија што се емитуваше на 1 ТВ.

Законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот. Оттаму, Агенцијата е зачудена од барањето на ЗНМ да се спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1ТВ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и имајќи го предвид претходно наведеното, нејасно е што се очекува да се констатира со надзорот.

Секое поинакво прикажување на надлежностите и работењето на Агенцијата во јавноста, не е ништо друго туку само уште еден во низата обиди за нејзина дискредитација, чија цел е да се оправда општиот неуспех на сите релевантни чинители во медиумската сфера за да се создаде поволен амбиент за работата на медиумите.

Агенцијата во повеќе наврати повторуваше дека кадровските промени не се решение за состојбата во медиумите туку дека е потребно заедничко дејствување и на регулаторот и на ЗНМ, синдикатот, Советот за етика, медиумските работници, се вели во соопштението за јавност кое го испрати Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до медиумите.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер