Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
2Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
3Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
СветАвионот на „Судниот ден“ по повеќе децении прв пат е виден на аеродромот во Лос Анџелес- сите се чудат зошто се појави (ВИДЕО)Со зголемувањето на глобалните геополитички тензии и заканите на администрацијата на Трамп со воена акција во странство, честопати невидлив, но клучен дел од националната безбедносна инфраструктура на Америка тивко се пресели на позиција.Американскиот авион E-4B „Nightwatch“, попознат како „Doomsday Plane“, беше забележан на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес вчера вечерта, објави Дејли Меил. Ова е веројатно прв пат авионот да биде виден на комерцијален аеродром, а неговиот изглед покрена многу прашања за тоа што следи. Исто така, постојат теории за тоа зошто е забележан сега, особено по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и тензиите со Русија околу запленувањето на танкер во Атлантикот. Видеото што кружи на интернет го прикажува „Doomsday Plane“ како слетува на најголемиот аеродром во Лос Анџелес. BREAKING 🚨🚨#LosAngeles / #California Possibly the first appearance in its 50 year + flying history, the Boeing 747 E-4B Nightwatch, also known as the “Doomsday Plane,” showed up at LAX Thursday evening. That’s new. pic.twitter.com/Uq3MfY74yj — OC Scanner 🇺🇸 🇺🇸 (@OC_Scanner) January 9, 2026 Што е авионот на „Судниот ден“? За разлика од Air Force One, кој е познат како „летачка Овална канцеларија“, E-4B Nightwatch е всушност „летачка воена соба“. Се нарекува „авион на судниот ден“ бидејќи има термичка и нуклеарна заштита дизајнирана да издржи нуклеарни експлозии, како и електричен систем кој е отпорен на електромагнетни импулси (EMP). Авионот може да лета 12 часа без потреба од полнење гориво. Се активира за да го заштити претседателот и високите функционери на администрацијата, а се користи и за меѓународен транспорт на секретарот за одбрана. Што значи кога лета „авионот на судниот ден“? Покрај транспортот на претседателот и високите функционери, E-4B понекогаш се користи за обука и вежби за подготвеност. Опремен со команден и контролен центар за издавање воени наредби, „авионот на судниот ден“ се користи во исклучително сериозни сценарија, вклучително и оние во пресрет на нуклеарен напад. Воздухопловните сили на САД имаат флота од четири E-4B, од кои сите се доделени на 595-та командна и контролна група во воздухопловната база Офат во Омаха, Небраска. E-4B е во служба уште од Студената војна. Еден E-4B е во состојба на готовност од 1975 година. „Секогаш е во состојба на готовност и често патува со претседателот или секретарот за одбрана во случај на вонредна состојба“, рече сенаторката Деб Фишер од Небраска. „Небраска е горда што е дом на оваа исклучителна флота“, напиша таа во колумна од 2024 година.Тагови: авион Лос Анџелес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСмеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. „Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар. Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај. Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. 29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.Тагови: Денови на комедијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook