Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?
1Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?
ЕвропаАвион принудно слета во центарот на Манхајм, повредени три лица (ВИДЕО)Едномоторен лесен авион мораше да изврши итно слетување директно на улица во урбана област на Манхајм вчера околу 16 часот завршувајќи го својот лет на прометната улица Некарауер.Инцидентот се случил во близина на бензинска пумпа и густо населена област на градот, но според официјалните информации од германските власти, немало жртви или повредени на земја, објави Билд. Во авионот имало три лица. 23-годишниот пилот претрпел сериозни повреди, но според службите за итни случаи, неговиот живот не е во опасност и е на лекување во болница. Другите двајца патници се здобиле со полесни повреди и исто така се однесени во болници во областа Манхајм, каде што се задржани на понатамошно набљудување. View this post on Instagram A post shared by Mannheimer Morgen (@mannheimer_morgen) Полицијата нагласи дека нема повредени минувачи или учесници во сообраќајот, иако несреќата се случила на еден од најпрометните патишта во градот.Тагови: авион повредени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаКузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?Вчерашната посета на Фон дер Лајен и соопштеното на прес конференција со Мицкоски го потврди се она што СДСМ и претседателот Филипче го говорат.Македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со Преспанскиот договор, не се загрозени туку се добредојдени во ЕУ. Сите лаги на Мицкоски се на виделина. Ветуваше враќање на името, Никогаш Северна, укинување на Преспанскиот договор, подобра преговарачка позиција, промена на преговарачка рамка. Дојде на власт и одеднаш Преспанскиот договор стана ремек дело на дипломатијата, НАТО стана одлична работа за бизнисот. Сиљановска призна дека со Преспанскиот договор македонскиот јазик и идентитет се заштитени. Нас не обвинуваше за предавство, граѓаните ги лажеше за загрозен идентитет. Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата Мицкоски рече: ве чекаме со македонскиот идентитет и јазик. Од лажниот патриотизам на Мицкоски останаа бугарските пасоши во ВМРО и владата и фирмите во Бугарија. Унијата не чека ама Мицкоски се плаши од европско обивнителство. Затоа вели „децении“. Со блокадата на европски пат од страна на Мицкоски загубивме две и пол години, регионот оди напред, 4 земји се со патокази за членство а Македонија стои. Нема патоказ за Македонија, прво мора да се случи деблокада на процесот. А тука е и европското обвинителство. Мицкоски го насочија кон Бугарија и тој експресно прифатил. Побарал билатерална средба со Бугарија меѓу Муцунски и Петрова која треба да се случи следната недела. Мицкоски бараше медијација од ЕУ, тоа не го доби, наместо тоа доби порака да оди и да се обрати на Бугарија. Билатерана средба значи полоши позиции за Македонија. Се сведува на проблем помеѓу Македонија и Бугарија и ЕУ нема веќе да го третира како да е прашање на унијата, не оставаат во раце на Бугарија. Фон дер Лајен точно кажа: Одбликарајте го процесот, патоказ дури тогаш ќе добие Македонија. Во спротивно Македонија останува надвор од ЕУ. Рече дека Препснаскиот договор е „вистинска политичка храброст“ и порача дека европскиот пат повторно бара таква храброст за да се надминат предизвиците. Како Мицкоски ќе го деблокира процесот? Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ. Што брани Мицкоски? Како понатаму? Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори! Прес конференција на СДСМ, Бугданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одборТагови: Бугданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаТошковски на одбележувањето 80 години Ловечка федерација на МакедонијаДоверба за тие што ги почитуваат правилата, нулта толеранција за тие што ги кршат.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на свечената церемонија во Народниот театар во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија, честитајќи им го големиот јубилеј на членовите на Федерацијата и на генерациите ловци кои осум децении ја градат и продолжуваат ловечката традиција. Во своето обраќање, Тошковски се осврна на промените што Министерството за внатрешни работи ги презема во областа на оружјето, нагласувајќи дека целта е да се отстранат непотребните административни процедури за граѓаните кои ги исполнуваат законските услови, а истовремено да се воспостави поефикасна контрола. „Кога дојдовме во Министерството, утврдивме дека над пет илјади граѓани ги исполнувале условите, а дозвола не добиле. А во исто време, оружје добивале луѓе кои никогаш не смееле да го имаат в рака. Тоа е систем кој истовремено ги казнува чесните и ги наградува погрешните. Таков систем не е ни праведен, ни безбеден. Затоа го сменивме“, истакна Тошковски. Министерот посочи дека барањето за набавка на оружје е пренесено на електронска платформа, а укината е и обврската за претходно одобрение за набавка на муниција, при што МВР преку централниот електронски систем има увид во набавените количини. Осврнувајќи се на новиот Закон за оружје, Тошковски нагласи дека со него се предвидува можност со едно барање да се бараат повеќе парчиња оружје, дозволено полнење муниција, проширено сокорисничко право и продолжување на рокот за регулирање на наследеното оружје од два на четири месеци. Предвиден е и рок од една година за регулирање на случаите во кои бил пропуштен рокот или барањето било одбиено поради тоа, како и за оружјето што треба да се легализира, пререгистрира или доброволно да се предаде. Тошковски потенцираше дека административните олеснувања мора да бидат проследени со построга и современа контрола. „Секое олеснување за чесниот ловец оди заедно со построга контрола. Новиот закон воведува електронско следење на секое парче оружје од фабриката до крајниот корисник. Воведува обврска оружјето да се чува безбедно, на соодветно место. И прв пат го регулира оружјето и деловите изработени со 3Д печатачи и CNC машини, закана која пред дваесет години не ни постоеше“, рече Тошковски. Тој ја сумираше целта на промените со пораката дека легалното оружје треба да биде во рацете на одговорни луѓе, а нелегалното оружје да нема место на улиците – „доверба за тие што ги почитуваат правилата, нулта толеранција за тие што ги кршат“. Министерот ја истакна и важноста на соработката со Ловечката федерација и ловечките друштва, повикувајќи таа да биде континуирана и практична, особено при согледувањето на евентуалните проблеми при примената на законските решенија. На крајот од обраќањето, Тошковски им го честиташе 80-годишниот јубилеј на членовите на Ловечката федерација. „Ловецот најдобро ја познава оваа земја. Секоја планина, секоја долина, секоја патека. Можеби затоа најдобро и знае колку таа вреди. Да ја сакаме Македонија, не само со зборови, туку со дела, со одговорност и со почит еден кон друг“, порача министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев на Националната академија за јавна администрација на ИталијаГо поставуваме темелот за нова генерација професионални лидери во јавната администрација.При официјалната посета на Рим, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на програмата наменета за едукација на високите раководители во италијанската јавна администрација, која се реализира во рамки на Националнота академија за јавна администрација на Италија (SNA), а на која учествуваа над 100 раководители. Обраќајќи им се на идните раководители во италијанската јавна администрација, министерот Минчев ја претстави реформата што Министерството за јавна администрација ја спроведува во областа на професионалниот развој на административните службеници, со посебен фокус на воспоставувањето на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници. „Нашата амбиција е Академијата да биде повеќе од место каде што луѓето едноставно посетуваат обуки. Сакаме таа да стане платформа за континуиран професионален развој, лидерство, размена на искуства и градење на компетенциите што ги бара современата европска јавна администрација“ - истакна Минчев. Тој нагласи дека Македонија во воспоставувањето на новиот систем не сака да се потпира само на сопственото искуство, туку активно да учи од европските институции со долгогодишна традиција во професионалниот развој на јавната администрација. Минчев говореше и за реформата на системот на високи раководни позиции во Македонија. Тој истакна дека Законот за високи раководители, усвоен претходно оваа година, ќе започне да се применува од октомври 2026 година, со цел да се зајакнат професионалноста, заслугите и одговорноста при изборот и именувањето на високите раководители во јавните институции. „За нас, законодавството е само почеток. Вистинската реформа ќе се мери според тоа како овие принципи функционираат во пракса и според квалитетот на лидерството и услугите што ги чувствуваат граѓаните“ - истакна Минчев. Посетата на Националната академија за јавна администрација на Италија е дел од активностите на министерот Минчев во рамки на официјалната посета на Рим, во која беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република. Ви благодариме. Со почит, Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook