Авганистанските талибанци потврдија дека се во тек разговори за размена на затвореници со САД

Авганистанските талибанци денеска потврдија дека водат разговори со САД за размена на затвореници, наведувајќи дека сè уште не е постигнат договор, пренесоа локалните медиуми.

Заменик портпаролот на талибанците Хамдула Фитрат изјави дека се водат преговори за ослободување на Американците од затвори во Авганистан во замена за затвореник од Гвантанамо, јави авганистанската телевизија Толо њуз.

„Волстрит џурнал“ во вторникот објави дека американската администрација преговара со Авганистан за размена на Американците притворени во земјата за најмалку еден затвореник од Гвантанамо, кој наводно бил во контакт со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен./МИА

Жител на Студеничани (85) се бори за живот, откако во него удри автобус на ЈСП

Тешко повреден е Љ.Џ. (85) од скопското село Студеничани откако вчера го удрил автобус на ЈСП „Скопје“. 

МВР информира дека несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје.

Авотбусот бил управуван од Б.Б.(53) од Скопје, а Љ.Џ., чии повреди се констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Мелони ќе оди на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.

Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече „фантастична жена“.

Трамп го прекрши преседанот и покани неколку странски лидери на церемонијата на инаугурација. Историски гледано, тие не присуствуваа поради безбедносни причини и испратија дипломати.

Покрај Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, уште еден силен поддржувач на Трамп, рече дека ќе присуствува. Сепак, друг поддржувач на Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да го стори тоа, рече неговиот портпарол оваа недела.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, и покрај поканата, но испраќа пратеник. Поддржувачите на Мелони се надеваат дека конзервативната италијанска лидерка ќе има привилегиран пристап до Трамп во следните четири години и ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа.

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби.Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби.

Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби.

Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив.

Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби.

Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.

СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ.

Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер