Авантуристи тргнале со јахта околу светот и дури сега дознале дека има пандемија - Канал 5

Авантуристи тргнале со јахта околу светот и дури сега дознале дека има пандемија

Во 2017 година, Елена Манигети и Рајан Озборн дале отказ на работа, купиле брод и решиле да патуваат околу светот, пренесува Би-Би-Си.

Авантуристи тргнале со јахта околу светот и дури сега дознале дека има пандемија

Тие ги замолиле своите семејства да останат во контакт, но со едно правило: да нема лоши вести.

Парот, кој живеел во Манчестер, минатиот месец патувале преку Атлантскиот океан од Канарските острови до Карибите, и воопшто не знаеле дека се шири нов и смртоносен коронавирус ширум светот.

По 25 дена на море и со малку комуникација со надворешниот свет, парот планирал да се закотви на мал остров кон средината на март.

Но, кога успеале да фатат телефонски сигнал додека биле на брегот, откриле дека островот е целосно затворен и дека светот е во глобална пандемија за која немале поим.

„Во февруари, слушнавме дека има вирус во Кина, но со ограничените информации што ги имавме кога пристигнавме на Карибите за 25 дена, сметавме дека ќе заврши“, рече Елена.

Кога станува зборот коронавирус, двојката била на море, и со оглед дека имале ограничен пристап до интернет и не можеле да комуницираат толку многу со семејството и пријателите, па не знаеле колку е сериозна ситуацијата.

„Им кажавме на нашите контакти дека не сакаме да слушаме лоши вести, што беше тешко затоа што беа прилично лоши вести“, рече Елена, чие семејство е од Ломбардија, најлошо погодениот регион во Италија.

„Прво се обидовме да ја закотвиме јахтата на француска територија на Карибите, но кога пристигнавме, откривме дека сите граници се затворени и островите се затвораат“, рече Рајан.

Тој рече дека тогаш претпоставувале дека станува збор за превентивна мерка и дека не сакаат да ризикуваат неколку туристи да ги инфицираат локалните жители на островите.

Откако се вратиле на бродот, планот бил да патуваат во Гренада, а кога пристигнале во област каде имало 4G ,откриле што се случува и во тој момент почнале да го разбираат степенот на состојбата со коронавирусот.

- Нашиот пријател беше во Сент Винсент каде што имавме намера да одиме. Стапивме во контакт со неа 10 часа пред да се закотвиме.

Таа ни рече дека ќе ни биде одбиен влезот затоа што јас сум државјанка на Италија, иако не сум била со месеци во Италија - рече Елена.

За среќа, брод бил следен преку GPS, па ја докажале својата историја на патувањето, што покажало дека, освен што со месеци не биле во Италија, дека биле во изолација на море веќе 25 дена.

Им било тешко да слушаат како пандемијата влијаела на нивните семејства. Елена изјави дека нејзиниот роден град во Ломбардија е еден од најтешко погодените градови со коронавирусот во светот.

- Кога се закотвивме, го повикав татко ми. Беше тежок разговор. Тој ми рече да не паничам иако нашиот град беше лошо погоден од пандемијата.Ми испрати текст од Њујорк Тајмс за нашиот град и јас бев шокирана. Тоа беше гадна слика.

Ковчези, гробишта во гробишта или крематориуми. За среќа, моето семејство е безбедно, но луѓето што ги познаваме со години починале - рече Елена.

Во моментов, таа и Рајан се безбедни во Бекија, Сент Винсент, но се загрижени за тоа колку долго ќе можат да останат таму. Тие велат дека не сакаат да го напуштат местото, но целта им е да излезат на море пред да започне сезоната на урагани на почетокот на јуни.

Се надеваат дека ќе патуваат на север и ќе продолжат да ги истражуваат Карибите. Но, работите сега изгледаат неизвесни, изјави Елена за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер