Ауди го претстави обновениот Q5 (ВИДЕО)

Спортско урбаните возила дефинитивно го презедоа пазарот и кога станува збор за луксузни компактни модели, во кои што Q5 на Audi е на врвот.

Пред летното затишје Ауди излезе со уште еден атрактивен модел. Q5 не треба конкретно да се опишува, доволно е да се каже дека изгледот е во согласност со новите членови на првата постава, и истото важи и во однос на технологијата.

Со должина од 4,68 метри, редизајнираниот Q5 сега е 19 мм подолг поради новите браници, додека ширината (1,89 м) и висината (1,66 м) останаа непроменети.

Првиот знак е новата стандардна LED светилка, предна и задна, а за прв пат (по избор) се нуди OLED технологија. Предната решетка е исто така променета, а со тоа и големината дифузорот на задниот дел.

Сето ова важи за основниот модел, но и за приклучокот-хибрид од една страна и спортскиот SQ5 од друга страна. Исто така, понудени се и нови бои, меѓу кои нијанса на зелена боја што е особено интересна.

Внатре, доминантниот дигитален кокпит е придружуван од 10,1-инчен MMI дисплеј со новиот MIB 3 мултимедија. Способноста за мрежно поврзување со мобилни уреди е поддржана како што се очекува. Клиентите на Q5 можат да избираат помеѓу три внатрешни дизајни: базичен, избор на ентериер и внатрешна линија S. Новата комбинација на ентериер вклучува кожен тапацир, ореово дрво, но и моќен аудио систем Олуфсен со 705 W со 19 звучници , што се наплатува дополнително.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

притисни ентер