АТП: Рекорд на Надал, Ѓоковиќ и понатаму најдобар на светот - Канал 5

АТП: Рекорд на Надал, Ѓоковиќ и понатаму најдобар на светот

Новак Ѓоковиќ и понатаму е најдобриот светски тенисер, српскиот ас е лидер на АТП листата на најдобрите на светот пред Шпанецот Рафаел Надал, која ја започна 800  последователна недела во Топ 10.

АТП: Рекорд на Надал, Ѓоковиќ и понатаму најдобар на светот

Ѓоковиќ со 12 030 бодови ја предводи АТП листата на најдобрите светски тенисер, на втората позиција е Надал со 9850 бода а трет е Австриецот Доминик Тим со 9125 поени.

Досега ниту еден тенисер во Историјата не минал повеќе недели меѓу десета најдобри на светот од легендарниот Рафаел надал која денеска ја започна осумстотата недела во Топ 10 .

Зад Ѓоковиќ, Надал и Тим на листата на десете најдобри тенисер на планетата се Медведев, Федерер, Циципас, Зверев, Рубљов, Шварцман и Беретини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска.

Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект.

Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација.

Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска

Дијагностичките капацитети се максимално зајакнати, а дневно се вршат од четири до осум анализи.

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки.

На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Град Скопје, како и градоначалникот на една од засегнатите општини. Целта е да се обезбеди навремено, усогласено и ефикасно постапување на сите надлежни институции.

– Ги ставаме на располагање сите институционални капацитети и воспоставуваме засилена меѓуинституционална координација. Состојбата се следи секојдневно, а мерките ќе се приспособуваат во согласност со епидемиолошките показатели. Наш приоритет е навремено откривање на случаите, соодветен третман на пациентите и максимална заштита на здравјето на граѓаните – истакна министерот Клековски.

Во однос на актуелната епидемиолошка состојба, во моментов се регистрирани 35 потврдени и три суспектни случаи, кои се во процес на дијагностицирање. Најголем дел од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Досега се регистрирани три смртни случаи, додека 15 пациенти се излекувани и отпуштени од Клиниката.

Дијагностичките капацитети се максимално зајакнати, а дневно се вршат од четири до осум анализи.

Министерот Клековски упати апел до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита. Граѓаните во зафатените подрачја ќе добијат СМС-пораки со препораки и конкретни мерки за заштита.

– Плановите за прскање против комарци во општините се спроведуваат, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат дополнително ќе изврши вонредни контроли. Во зафатените подрачја ќе биде спроведена и вонредна контрола на живината. Апелираме на максимална претпазливост, имајќи предвид дека, историски гледано, август и септември се месеци во кои ваквите епидемии го достигнуваат својот врв – додаде министерот.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека на Клиниката досега кај вкупно 34 пациенти лабораториски е потврдена западнонилска треска, од кои 15 се успешно излекувани.

Министерството за здравство останува во постојана координација со сите надлежни институции и ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на терен. Во зависност од нејзиниот развој, навремено ќе бидат преземани дополнителни мерки, а јавноста редовно и транспарентно ќе биде информирана за сите релевантни податоци и препораки за заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер