АТП го претстави Новак Ѓоковиќ како Спајдермен (ВИДЕО)

Веќе со денови, потегот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Дубаи е вистински хит на социјалните мрежи.

Првиот тенисер во полуфиналето загуби со 1-0 во сетови, а потоа преживеа три меч-топки на Гаел Монфилс, а потоа направи пресврт и славеше со 2: 6, 7: 6, 6: 1.

Тој обележа уште еден голем кам-бек со лизгање и брзо скокање од земја. Ова не го пропуштија фотографите, кои успеаја да го фатат тој момент.

И сега АТП помина чекор понатаму, објавувајќи забавно видео на својот официјален профил на Твитер.

Ѓоковиќ во финалето во Дубаи го совлада Стефанос Циципас со 6: 3, 6: 4, задржувајќи ја доминацијата во „белиот спорт“.

Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази.

Владата го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), сопшти владината прес-служба.

Студентските и средношколските домови ќе се отворат со намален капацитет,одбиените ќе добијат надомест

На 5-тата владина седница, што се одржа денеска, е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести во врска со отворањето на студентските и средношколските ученички домови.

Тие треба да бидат отворени со почитување на Протоколите за сместување со дополнување дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

Во таа насока, на предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.

– Со измените содржани во овие предлог закони, се уредува дека во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), на студентите и на учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови, и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, за чија висина одлучува Владата , информираа од владината прес-служба.

Соопштија дека студентите и учениците ќе се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, за да ги внесат потребните податоци и докази, по што ќе им се исплаќаат средствата за времетраењето на предвидено со овие измени.

Се оценува дека заради намалениот капацитет на користење на сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.

Условите за настава со физичко присуство ги исполнуваат 169 улилишта

Владата на денешната седница го усвои Извештајот на Комисијата за разгледување на поднесени барања на училиштата за организирање настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година, соопшти владината прес-служба.

Комисијата предлага согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта. А не исполнуваат услови 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

На оваа своја седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, која, по укажувањата на Министерството за образование и наука (МОН) за потешкотиите со кои се соочуваат децата со посебни образовни потреби во следење на онлајн настава, одобри наставата со физичко присуство на овие деца да се реализира со мал број на деца во различни смени, со целосно почитување на Протоколите дадени од МОН, а училиштата кои имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици, при што во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

притисни ентер