3Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
ФудбалАтлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер ситиТренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласил да го продолжи договорот со „Граѓаните“, објави „The Athletic“.Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Одлуката официјално ќе биде соопштена во наредните денови. На 8 ноември, „Атлетик“ објави дека Гвардиола ќе ја предводи бразилската репрезентација по завршувањето на договорот со Сити. Воедно не беше исклучена и опцијата за продолжување на договорот со англискиот клуб. Договорот на Шпанецот со Манчестер сити истекува идното лето. Граѓаните по 11 кола собраа 23 бода и се на второто место на табелата во Премиер лигата. Тимот ги загуби последните четири натпревари во сите натпреварувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
СветТрамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху, се разговарало за воздушната одбрана на Украина и за ИранАмериканскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, кои Белата куќа ги оцени како позитивни и продуктивни. Двајцата лидери престојуваа во главниот град на САД за да присуствуваат на погребот на сенаторот Линдзи Греам, кој беше силен поддржувач на Израел и застапник за американската помош за Украина. По средбата со Трамп, Зеленски рече дека американскиот претседател го прифатил барањето на Украина за добивање лиценци за производство на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“. Средбата со Нетанјаху пак, Трамп ја оцени како позитивна, а израелскиот премиер за медиумите соопшти дека двајцата имаат разбирање за како што посочи, заедничката цел иран да не произведе нуклеарно оружје...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на водаУнгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ. Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
МакедонијаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агендаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда. Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација. Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter