НБААтланта Хокс го привлекоа Кристапс Порзингис од Бостон СелтиксМинатогодишниот шампион на НБА, Бостон Селтикс, го испратија својот играч Кристапс Порзингис во Атланта Хокс како дел од троен договор што ги вклучува и Бруклин Нетс, објави ЕСПН.Според договорот, Атланта го зема Порзингис и вториот избор на претстојниот драфт, Бруклин Нетс го купуваат бекот на Хокс, Теренс Ман, и 22-риот избор на тимот на драфтот, а Бостон Селтикс го купуваат напаѓачот на Атланта, Џорд Нианг. Бостон го испрати двократниот Ол-стар играч Џру Холидеј во Портланд за да избегне достигнување на ограничувањето на платите, а сега со размена на често повредениот Порзингис, ќе избегнат проектирани даночни казни од 180 милиони долари. Порзингис (29) беше Ол-стар во сезоната 2017-18 со Њујорк Никс, каде што беше избран на четвртото место во драфтот во 2015 година. Тој ја пропушти целата сезона 2018-19 поради скинат преден лигамент и одигра помалку од 60 натпревари во шест од последните седум сезони. Литванецот минатата сезона имаше просек од 19,5 поени, 6,8 скока и 2,1 асистенција за 28,8 минути. Тој играше и во 11 натпревари од плејофот. Оваа сезона заработи 29,2 милиони долари, а следната сезона треба да заработи 30,7 милиони долари. Лос Анџелес Клиперс го избраа Теренс Ман како втор избор на драфтот во 2019 година. Тој има просек од 9,8 поени, 3,1 скока и 2,1 асистенција за 22,7 минути во 30 натпревари за Атланта. Индијана Пејсерс го избраа Нианг во втората рунда од НБА драфтот во 2016 година. Тој има просек од 7,4 поени, 2,5 скока и 17,5 минути на 544 натпревари. Играл за Пејсерс, Јута Џез, Филаделфија, Кливленд и Атланта./МИАТагови: Бостон Селтикс Атланта Хокс Порзингис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанче Тошковски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче ТошковскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter