Астронимите веќе го сликале автомобилот на Маск

Автомобилот на милијардерот Илон Маск е на пат кон Марс и веќе се направени првите фотографии .


На разочарување на лаиците , сдвениот Тесла автомобил воопшто не се забележува , туку само светло тело . Научниците од астрономската лабораторија Тенагра во Аризона велат дека лесно ја забележале ракетата ,,Фалкон Хеви “ , што го носи автомиобилот кон Марс .

Објектот се движи многу бргу и е посветол од другите тела ,велат астрономите. Се наоѓа на 470 000 километри од Земјата .

Темно црвениот автомобил Тесла Роудстер е на напт кон Марс. Во автомобилот на местото на возачот има пластична кукла , а на воланот пишува ,,Без паника ! “ , што алудира на филмот ,,Автостоперски водич низ вселената” на Даглас Адамс. На еден од деловите на внатрешноста на автомобилот е напишано ,,Направено од луѓето на Земјата “ .

Научниците сметаат дека автомобилот би можел да се разгради за две години , поради драстичните температурни промени на Марс.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер