ТехнологијаАстронаутите на МВС го завршија одложеното вселенско излегување Астронаутите на НАСА, Џесика Мејр и Крис Вилијамс го завршија вселенското излегување кај Меѓународната вселенска станица (МВС). Астронаутите на НАСА, Џесика Мејр и Крис Вилијамс го завршија вселенското излегување кај Меѓународната вселенска станица (МВС), што беше одложено во јануари поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, соопшти американската Национална воздухопловно-вселенска администрација вчера. Космонаутите минаа околу седум часа вон МВС, извршувајќи подготвителни работи за инсталација на нов Сончев панел, додаде американската вселенска агенција. Потфатот првично беше закажан за јануари, но беше откажан со кратко известување за здравствените проблеми на еден член на екипажот. Тогаш, првпат во историјата на Станицата, НАСА ја врати својата посада порано на Земјата. Мејр и Вилијамс се дел од новиот екипаж. Ова е прво вселенско излегување за Вилијамс, четврто за Мејр и вкупно 278-мо во историјата на МВС. Тагови: НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЗдравјеПо прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последициПациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски. Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска. Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош. На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Македонија15 годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејствоИма само 15 години, но во момент кога три човечки животи биле во опасност, покажал храброст и човечност на која може му се восхитуваат и многу повозрасни од него. Младиот битолчанец Михаил Николовски стана вистински херој на плажите во грчко летувалиште, каде успеал да помогне во спасувањето на тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во Егејското Море. Драмата која за среќа завршила со среќен крај благодарение на младиот Михаил се случила на плажата во Олимпијада, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот. Иако повиците за спас на тричленото семејсво во морето го привлекле вниманието на луѓето на плажата, додека присутните немо гледале што се случува, петнаесетгодишниот Михаил без размислување за својот живот решил да реагира, влезе во разбрануваното море и ги спаси човечките животи. -Јас бев во плиткото до колена, и наеднаш жена почна панично да бара помош, помош, помош. И јас се врам наоколку низ плажа да видам дали луѓе дали ќе реагираат но видов дека никој не реагира. И така одма скокнав и испливав накај жената да ја спасам да ја однесам накај плиткото. Одма испливав, ја фатив жената видов дека е со перниче и видов дека е со дете и нејзиниот маж таму. И одма ја однесов во плиткото и одма после тоа се вратив накај дететто. Го извадив детето надвор исто како и жената и малце бев уморен и веднаш тргнав накај таткотко – вели Николовски. Кога опасноста конечно поминала, следувала сцена која Михаил веројатно долго ќе ја памети. Присутните на плажата почнале да аплаудираат и да го извикуваат неговото име, објаснува со трепет во својот глас неговата мајка Јасна Николовска. -Многу беше се на брзина, се беше хаотично меѓутоа можеше многу страшно да биде. Јас искрено не можев да се соберам од плачење, од гордост што чуствувам, какво дете сум израснала, какво е солидарно. Тој не промисли во ниту една минута за опасноста што него го демнееше. Ја искористи неговата сила, тој е снажен 185 има 95 кила го искористи тоа за да помогне некому – вели Николовска. Аплаузите од плажата набрзо се преселија и на социјалните мрежи каде приказната за 15-годишниот ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола се споделува со пофалби за неговата храброст и присебност во момент кога биле загрозени човечки животи. Самиот Михаил, сепак, за својот потег зборува скромно. Вели дека чувствувал страв и дека во првите моменти по спасувањето не бил целосно свесен што направил. -Се уплашив, но не се уплашив доволно за да ме спречи нешто, објаснува младиот битолчанец. Во свој коментар за Канал 5 мајката на Михаил, Јасна откри дека нејзиниот син добил и подарок од семејството од Бугарија – маска за нуркање, која тој со задоволство ја примил и која секогаш ќе го потсеќа на овој надчовечен храбар чин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11