Асистентка на италијански европратеник уапсена за перење пари и корупција - Канал 5

Асистентка на италијански европратеник уапсена за перење пари и корупција

Асистентка на италијански европратеник уапсена за злосторничко здружување, перење пари и корупција .

Асистентка на италијански европратеник уапсена за перење пари и корупција

По налог за апсење издаден од страна на Федералното јавно обвинителство на Белгија, италијанските власти ја уапсија Лусија Симеоне, асистентка на европратеникот Фулвио Мартусиело, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според информации од Обвинителството, Симеоне се товари за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и за „корупција“ и е предвидено да биде сослушана утре.

Мартусиело, кој е член на партијата Форца Италија (ФИ) и на Пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП), како и неговиот сонародник и поранешен либерален европратеник Џузепе Ферандино, се осомничени за фалсификување потписи на барања за пратенички надоместоци, при што меѓусебно соработувале „за да ги максимизираат трошоците“. Мартусиело е европратеник од 2014 година, а Ферандино беше член на ЕП од 2018 до 2024 година.

Портпарол на белгиското Јавно обвинителство информира дека апсењето на Симеоне е во рамки на „истрагата за прелиминарните наводи за корупција, фалсификување документи и перење пари во Европскиот парламент“. Според него, наводните неправилности биле вршени „редовно и многу дискретно од 2021 година, до денес, под маската на комерцијално лобирање“.

Името на шефот на Симеоне, Мартусиело се поврзува и со португалски адвокат и лобист, уапсен минатата недела во Франција, во рамки на истрага на белгиското Јавно обвинителство за сомнеж дека лобисти на кинеската компанија „Хуавеј“ подмитиле околу 15 европратеници. Во рамки на истрагата, по налог на Обвинителството, минатиот четврток беа извршени претреси на 21 локација во Белгија, како и во Португалија.

По минатонеделните претреси, белгиската полиција времено запечати две канцеларии - едната на Марко Фалконе, сонародник и сопартиец на Мартусиело, а втората на Адам Мухтар, кој изминативе години беше асистент на различни европратеници.

По „отпечатувањето“ на неговата канцеларија во понеделникот, Фалконе, кој е европратеник од минатата година, изјави дека тој и неговите асистенти немаат „никаква врска со истрагата за „Хуавеј““, посочувајќи дека размислува за преземање „правни мерки за навреда на неговиот углед со последните случувања“.

Досега, во рамките на истрагата на белгиското Обвинителство се уапсени на четворица лобисти поврзани со „Хуавеј“, кои се осомничени дека подмитувале поранешни и актуелни европратеници со цел да ги промовираат интересите на кинеската компанија во Европа.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатите три дена соборени се вкупно 756 украински дронови.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија.

- Од 20 часот по московско време на 20 мај до осум часот наутро на 22 мај соборени се 485 дронови, од осум до 20 часот на 22 мај соборени сè уште 159, а од 20 часот на 22 мај до седум часот наутро на 23 мај соборени се дополнителни 112 беспилотни летала, се наведува во соопштението на руското МО.

Украинската армија нападна 15 руски региони и окупираниот Крим.

Најголем број дронови се соборени над Орелска област (197), Курска област (185) и Московската област (109).

Поради нападите привремено е суспендиран воздушниот сообраќај на аеродромите во Владимирска, Калушка, Кострома, Тамбовска, Јарославска, Ивановска и Самарска област и во Нижни Новгород, како и на московските аеродроми Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Стотици летови беа одложени, а голем број патници за полетување чекаа и цел ден.

Поради нападите беше ограничен пристапот до интернет во шест региони, Тула, Липецка, Воронеж, Владимир, Орел и Иваново.

Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас

Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа.

Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.

-Разговаравме за патот кон Европската Унија – пат кој не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен. Пат со многу предизвици, компромиси и, за жал, предолго чекање. Нашата определба останува јасна – ние припаѓаме во Европската Унија. Не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општество на демократски вредности, владеење на правото, човекови права и добрососедство. Затоа што ние вложуваме, се жртвуваме и се менуваме, со надеж дека трудот ќе биде препознаен. Меѓутоа, таа определба мора да биде возвратена. Оваа држава има право да очекува многу појасна, поотворена и почесна потврда од самата Унија. Затоа што, ќе се согласиме, не сите земји членки и не секогаш, се однесуваа во европскиот дух кон Македонија. Имаше периоди на блокади, имаше непринципиелни барања, а имаше и тишина од Брисел, тогаш кога најмногу ни беше потребен било каков глас на поддршка, истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција.

Нагласувајќи дека присуството на Калас денеска во Скопје е значајна порака дека ЕУ не го заборава овој регион и дека постои легитимен интерес за нашите состојби и нашите заложби, Мицкоски истакна дека разговарале отворено, како што им доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина и оти од високата претставничка на ЕУ побарал фер третман и доследност во процесот.

-Денеска побарав фер третман. Побарав доследност. Побарав Европа да покаже лидерство, не само на хартија, туку и во реалноста. Да се врати довербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека Европската Унија не е затворен клуб, туку жива визија, заедница на вредности, отворена за оние што ги живеат тие вредности. Денес не само што зборуваме за реформи, ние ги живееме нив. И тоа не го правиме за да добиеме аплауз, туку затоа што веруваме дека тоа е вистинскиот пат. Веруваме во европскиот сон, но и бараме да биде сон достапен за сите, не само за избраните. Затоа ја поздравувам денешната инаугурација на Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Унијата. Тоа не е само вообичаена симболика. Тоа е сигнал дека се движиме во иста насока, нагласи премиерот.

Тој нагласи дека соработката со Балканската медицинска работна група и поддршката што ја добиваме во областа на одбраната, здравството и младинските политики се исто така чекори што значат многу за нас.

-И покрај сите предизвици, верувам дека иднината е на наша страна. Верувам во нашите граѓани, во нивната решителност, трпение и зрелост. Верувам и во визијата на Европската Унија, како заедница која ги вреднува принципите, не го заборава придонесот и знае кога е време да го направи вистинскиот чекор. Нашата рака останува подадена. Отворени сме за пријателство, за дијалог и соработка. Но, стоиме цврсто, исправени и достоинствени, со јасна порака: Ние сме подготвени. Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа. Нека оваа средба биде уште еден мост, мост на доверба, разбирање и заедничка иднина, истакна Мицкоски.

Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал

Напаѓачот има договор со италијанскиот клуб Наполи до летото 2026 година, а моментално игра како позајмен играч во турскиот клуб Галатасарај.

Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал

Преговорите меѓу напаѓачот Виктор Осимен и саудиски Ал-Хилал продолжуваат со намера играчот да потпише официјален договор по завршувањето на сезоната 2024/2025, тврди „Футмеркато“, додавајќи дека Осимен одбил понуда да се приклучи на Јувентус за време на летниот преоден рок.

Напаѓачот има договор со италијанскиот клуб Наполи до летото 2026 година, а моментално игра како позајмен играч во турскиот клуб Галатасарај.

Откупната клаузула во договорот на нигерискиот напаѓач изнесува 75 милиони евра и може да се активира на лето, иако не важи за клубовите од Серија „А“.

Раководството на Ал-Хилал го гледа Виктор Осимен како совршено ново дополнување за потребите на тимот, а преговорите веќе се во тек директно помеѓу играчот и клубот.

притисни ентер