Асим Муса се повлекува од функцијата заменик-министер за здравство

Заменик министерот за здравство Асим Муса денеска објави дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.

– Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка, стапица, против мене лично и мојата професија, истакна Муса на прес-конференција во Владата.

Тој истакна дека неговиот искрен обид да им помогне на пациентите се претворил во стапица за непостоечки спектакл за медиумите, се со цел, како што рече, да биде уништена неговата професионална фигура.

– Во постојаните барања на пациентот за кого станува збор јас го информирам дека интервенцијата за странски пацинети кои не се осигурани во нашата држава е приватна и го информирам кој е можниот износ за интервенцијата, на негово прашање колку би чинело по пакети. Токму овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица против мене во која било форма, нагласи Муса.

Посочи оти нема да дозволи да биде нарушен неговиот кредибилитет со намерни стапици.

– Нема да дозволам овие цели 23 години инвестиции во професионалноста и во фамилијарниот кредибилитет да биде нарушен на ваква намерна стапица, со лажни наслови кои не се реални како што може да се види и на самата видео-снимка, рече заменик-министерот за здравство. /МИА

Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа

САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија.

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.

-САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели.

Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.

-Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.

САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.

-Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот

-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот. /МИА

Зеленски: Наша задача е да го нарушиме обидот на Русија да ја прошири војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека главна задача на Украина сега е да го наруши рускиот обид да ја прошири војната.

- Што се однесува до ситуацијата во регионот Харков, одбранбените дејствија продолжуваат, а тој правец е зајакнат, особено Вовчанск и пограничните региони … Нашата задача е апсолутно јасна – да го нарушиме рускиот обид за проширување на војната. Исполнувањето на оваа задача буквално зависи од сите кои во моментов се наоѓаат на позиции-од Чернихив до Вовчанск, од Харков до регионот Доњецк. На украинската почва не треба да постои безбедно место за окупаторот, рече Зеленски во вечерното видео-обраќање.

Тој потсети дека со шведскиот премиер Улф Кристерсон разговарал за деталите од новиот пакет помош и за можностите за проширување на соработката, вклучително и финансирање на производството на оружје.

Зеленски наведе и дека со канадскиот премиер Џастин Трудо разговарал за поддршка за оклопни возила и артилерија. /МИА

Александер – Арнолд на радарот на Реал

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, објави денеска добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.

Според истиот изворот, мадридскиот клуб во 25-годишниот англиски репрезентативец гледа замена за седум години повозрасниот Дани Карвахал.

Преговори меѓу Реал и Ливерпул за евентуалниот трансфер на Александер – Арнолд сè уште не се започнати.

Александер-Арнолд одигра 35 натпревари за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи три голови, а додаде и девет асистенции. Неговиот договор со клубот истекува во лето 2025 година./МИА

притисни ентер