Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна - Канал 5

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Според Рами Абдел Рахман, директор на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Асад веројатно ја напуштил земјата.

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор. Непосредно пред тоа, сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец, потврдија за „Ројтерс“ двајца високи офицери на сириската армија, пренесува Скај њуз.

Според Рами Абдел Рахман, директор на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Асад веројатно ја напуштил земјата.

Илјадници жители на Дамаск се собраа во центарот на градот, пеш или со автомобили, славејќи и извикувајќи „Слобода!“, јавуваат очевидци.

Бунтовниците во изјава наведоа дека го слават „ослободувањето на затворениците“ од воениот затвор „Седнаја“, симбол на режимот на Асад. Затворот се наоѓа во предградијата на Дамаск и беше место каде беа затворени илјадници опозициски активисти.

Претходно, бунтовниците објавија дека го презеле контролата врз клучниот град Хомс, а со влегувањето во Дамаск ставија крај на 24-годишното владеење на Асад. Очевидци јавуваат дека утринава во центарот на градот имало интензивна престрелка, по што телевизијата „Ал Хадат“ извести дека бунтовниците презеле неколку државни објекти, вклучувајќи ја и зградата на државната телевизија.

Во земјоделските подрачја југозападно од Дамаск, локалната младина и поранешните бунтовници излегоа на улиците да ја изразат радоста од падот на режимот. Во Хомс, жителите извикуваа „Асад повеќе го нема, Хомс е слободен!“ и „Да живее Сирија, долу Асад!“.

Бунтовниците ја прославуваа победата со пукање во воздух, а младите го кинеа ликот на Асад на постерите низ градот. Режимот падна само една недела по почетокот на офанзивата на бунтовниците.

Сирискиот премиер Мохамед ал-Џалали изјави дека е подготвен за соработка со секое „ново“ раководство, што ќе биде избрано од народот. Тој додаде дека ќе биде во својата канцеларија за да го олесни „предавањето на власта“.

„Оваа земја може да биде нормална земја, да гради добри односи со своите соседи и со светот [...] но тоа ќе биде прашање на лидерство што ќе биде изберано од сирискиот народ, а ние сме подготвени да им помогнеме и да им ги обезбедиме сите можни олеснувања“, рече Ал Џалали во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил.

Бунтовничките групи кои утрово влегоа во сириската престолнина соопштија за „бегството“ на „тиранинот“ Башар Асад, повикувајќи ги Сиријците во егзил во странство да се вратат во „слободна Сирија“ и прогласувајќи го „Дамаск ослободен од тиранијата“.

„Тиранинот Башар Асад избега“ и „го прогласуваме градот Дамаск за слободен“, објави оваа коалиција на бунтовнички групи во пораките споделени на апликацијата Телеграм. „По 50 години угнетување под владеење на Баат (партијата) и 13 години злосторства, тиранија и (присилно) раселување... денеска прогласуваме крај на овој мрачен период и почеток на нова ера за Сирија“, додаваат бунтовниците.

Командата на бунтовниците им нареди да не се приближуваат до државните институции, кои ќе останат под надзор на премиерот до „формалниот трансфер на власта“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер