Село во Швајцарија се евакуира на најмалку 10 години , поради муниција од Втората светска војна (ВИДЕО)

Жителите на швајцарското село Митолц можеби ќе треба да ги напуштат своите домови на повеќе од десет години за да се расчисти блиското скривалиште за оружје од Втората светска војна, пренесува BBC.

Швајцарското Министерство за одбрана минатата година заклучи дека местото за криење на оружјето е „неприфатлива“ закана за жителите на Митолц. „Во зависност од тоа како се одвиваат работите, локалното население треба да очекува евакуацијата да трае повеќе од десет години“, соопшти Министерството. Министерот за одбрана Виола Амхерд во вторникот изјави дека целата операција може да чини повеќе од една милијарда швајцарски франци.

Јавната расправа за тоа како најдобро да се справат со оваа состојба, сè уште трае, а планот за евакуација за жителите на селото мора да биде одобрен.

„Семејствата живееле таму со генерации“, рече Брижит Риндлисбахер, претседателка на работната група која го изработува решението за проблемот. „Боли да ги гледаме во ваква ситуација“.

Скривницата за оружје кај Митолц делумно експлодира во 1947 година. Во експлозијата загинале девет лица и уништена е блиската железничка станица. Околу 3.500 тони муниција се сè уште на таа локација.

Во извештајот за 2018 се наведува дека опасноста што ја предизвикува оваа скривница е потценета со децении и дека отстранувањето на експлозивот би можело да биде „многу сложено“.

Официјални лица веруваат дека подготовката на локацијата за евакуација може да трае најмалку десет години и ќе вклучува изградба на безбедносен пат за да може да се заобиколи областа.

Враќањето на населението во Митолц не можеше да започне пред 2031 година.

Извештај за моменталната состојба на складиштето за оружје треба да биде објавен на 17 април годинава.Швајцарскиот јавен радиодифузер РТС известува дека веста за опасноста и евакуацијата ги шокирала 800 тамошни жители.

притисни ентер