Мицкоски: Мали шансите за предизборно коалицирање со албанска партија

Мали се шансите, како што вели, за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, по примерот на денеска официјализираната коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека за претстојните предвремени парламентарни избори во коалицијата „Обнова на Македонија" остануваат политичките партии кои беа дел од неа, како и дека преговараат со други политички партии кои се заинтересирани да бидат дел од коалицијата.

Мали се шансите, како што вели, за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, по примерот на денеска официјализираната коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.

Не открива повеќе детали за тоа што преговараат и договараат со политичките партии и најави дека кога ќе има официјална коалиција ќе има заеднички договор и тој ќе биде презентиран пред јавноста.

-Во текот на следната недела ќе излеземе со повеќе детали. Политичките партии кои беа дел од коалицијата „Обнова на Македонија" остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отстапување нема. Го слушнавме ставот, барањата кои се од страна на различни политички субјекти кои преговараат со нас, ние ги презентиравме нашите позиции, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на панелот за очекувањата и предизвиците за бизносот, во организација на Делегацијата на германското стопанство во нашата земја.

Прашан дали ќе има некоја од албанските партии во нивната коалиција, Мицкоски одговори дека во моментов за тоа се мали шансите, а во коментар на денеска официјализраната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА одговори „Со среќа нека им е".

-Па, во моментов мали се шансите да има такво нешто предизборно, а постизборно рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија" со народот, а потоа доколку на политичка и проектна основа имаме какво било коалицирање со кој било политички субјект тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција, рече Мицкоски.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протестите, Мицкоски рече од СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона вирусот.

– Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал, рече Мицкоски.

На новинарско прашање истакна и дека се подготвува за утрешниот дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-Му посветувам должно внимание и серозно му приоѓам, рече Мицкоски.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер