Дете било со денови затворено само во карантин со неговиот мртов дедо

Дете од провинцијата Хубеи останал само во куќата со неговиот дедо и го гледал како умира откако е воведен  карантин во кинескиот град  Шијан за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Претставници на локалната самоуправа го пронашле постариот човек по име Тан кој починал дома во понеделникот попладне. Со него бил и неговиот петгодишен или шестгодишен внук, пишува „Гардијан“.

Локалниот службеник, Гуо Руибинг, изјави за медиумите дека човекот починал пред неколку дена и дека неговиот внук преживеал сам јадејќи бисквити. Кога полицајците го прашале детето кое претходно не побарало помош, момчето одговорило дека неговиот дедо му рекол да не излегува надвор затоа што може да биде заразено со вирусот.

Поради мерките за карантин, на жителите на градот не им е дозволено да ги напуштат своите домови и секојдневно ги посетуваат владини службеници за да проверат дали им е потребна храна и дали имаат симптоми на инфекција со коронавирус.

Таткото на детето останал во регионот Гуангкси и не можел да се врати кај неговиот син заради карантинот. Гуо изјави за новинарите дека старецот Тан немал висока температура или други симптоми на инфекција пред да умре.

притисни ентер