Паника во Загреб по појавата на коронавирусот , се празнат продавниците (ВИДЕО)

Наскоро откако беше потврден првиот случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, поточно во Загреб, почна да се шири паника кај граѓаните.

Во аптеките веќе нема заштитни маски, јавуваат медиумите,  иако за нив експертите велат дека не помагаат против болеста, а во некои продавници им недостасуваат антибактериски гелови за раце и влажни марамчиња.

Според снимките и фотографиите што се шират на социјалните мрежи, полиците на некои локални продавници се веќе празни. Недостасува шеќер, брашно, тесто, месо… што е евидентно на снимките објавени од граѓаните на Твитер.

Исто така, се зголеми и купувањето преку интернет.

Шефот на канцеларијата за управување со вонредни состојби во Загреб, Павле Калиниќ ги предупреди граѓаните дека нема причина за паника.

„Ние го поддржуваме штабот на Министерството за здравство. Барам од граѓаните да не паничат, наводно имаме еден пациент, нема потреба да брзаме кон продавниците веќе по половина час“, рече Калиниќ, додавајќи дека протоколот за лекување е донесен кога е прогласена епидемијата.

И покрај предупредувањата за смиреност, во супермаркетите во загреб полека исчезнуваат лименките со конзервирана храна, млеко, паштета ... Во сите продавници попладнево има голем метеж.

притисни ентер