Илјадници луѓе се собраа во салата во Лос Анџелес за да му оддадат почит на Коби Брајант

Фановите на Коби  Брајант се собраа во Стејплс центарот.

Простувањето од Коби Брајат, неговата ќерка Џијана и уште седуммината настрадани во падот на хеликоптерот на 26 јануари се одржа денес на 24 февруари во Лос Анџечес.

Во Стејплс центарот не се одржала класична комеморација туку таканаречена „прослава на животот“.

Откако Бијонсе ја отвори церемонијата, свое обраќање имаше и сопругата на починатиот Брајант, Ванеса.

Таа се заблагодари за поддршката која нејзиното семејство ја добива од целиот свет и со емотивен говор се поздрави од Коби и нејзината ќерка Џијана.

„Ве сакаме и ни недостигате, Коби и Џиџи. Почивајте во мир, забавувајте се во рајот додека еден ден не се сретнеме. Ве сакаме и двајцата и засекогаш ќе ни недостасувате, додаде таа.

Ванеса беше во брак со Коби цели 19 години.

Седумте други луѓе кои исто така ги изгубија животите во несреќата на 26 јануари се: кошаркарскиот тренер Џон Алтобели, неговата жена Кери и нивната ќерка Алиса, Пајтон Честер и неговата мајка Сара, Крисина Маусен и пилотот Ара Зобајан.

притисни ентер