Заразени аџии од коронавирус предизвикаа паника во Ерусалим , вирусот се шири низ регионот

Најмалку десет нови случаи на инфекција со коронавирус се откриени во Иран и уште двајца починале, соопштија денеска иранските власти.

Во Иран, бројот на заразените се зголеми на 29, со шест починати лица.

Информациите за новите случаи ги потврди портпаролот на Министерството за здравство, Киануш Јаханпур и гувернерот на провинцијата Маркази во централниот дел на Иран.

Повеќето случаи, вклучително и новите осуммина заразени, биле во Комо, свет град на шиитските муслимани на 120 километри јужно од Техеран.

Училиштата, колеџите и собирите во Комо ќе бидат утре и задутре затворени за да се спречи ширењето на вирусот, соопшти владиниот штаб за управување со кризи во Комо, јави официјалната новинска агенција ИРНА.

Здравствените власти повикаа на прекин на верските собири во Комо.

Обединетите Арапски Емирати денеска потврдија два нови случаи на коронавирус. Инфициран е ирански брачен пар, објави државната новинска агенција ВАМ. Вкупниот број на заразени од коронавирус во таа земја се зголеми на 13.

Либан вчера го потврди првиот случај . 45-годишник што се вратил дома од Комо бил заразен.

Иран го забрани патувањето на аџии во Ирак, објави новинската агенција Фарс.

Иран во четвртокот го забрани преминувањето на границата, откако Ирак Ервејс ги прекина летовите кон Иран.

„Кувајт ервејс“ ги прекина сите летови за Иран во четвртокот, а Саудиска Арабија во петокот забрани патувања кон Иран.

Израелските и палестинските власти се обидуваат да ги намалат стравувањата за можно ширење на коронавирус, откако беше откриено дека аџиите од Јужна Кореја, кои посетиле некои од најпопуларните места во Светата земја, се позитивни за коронавирусот.

Деветмина туристи кои биле позитивни на коронавирус при враќањето во Јужна Кореја како аџии ја посетиле базиликата „Светиот гроб“ во Ерусалим и Пештерата на Патријархот во окупираниот Западен Брег на почетокот од овој месец, соопшти израелското Министерство за здравство.

Министерството објави групен план за патувања и рече дека тие спроведуваат „епидемиолошко истражување“ за можното ширење на вирусот.

Тие им наредија на сите што беше во близок контакт со групата туристи да се пријават во Министерството и да не ги напуштат своите домови 14 дена. Палестинското Министерство за здравство издаде слични упатства за палестинските територии.

Израелското Министерство за надворешни работи повика на вонреден состанок за да се процени влијанието на „скандалот со аџиите“ и, доколку е потребно, да преземе акција за објаснување на инцидентот.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

притисни ентер