Се одржа Планинарскиот марш „Февруарски поход 2020"

Традиционално по деветти пат, СПД „Зелен рај" од Велес денеска го организира планинарски марш „Февруарски поход 2020". 

По вторпат се одржа по видоизменета патека, лани беше до Папрадиште ,а годинава до Богомила. За разлика од лани кога беа 80-тина годинава учествуваа повеќе од двојно, 170 учесници, планинари и рекреативци од повеќе градови, Велес, Штип, Битола, Прилеп, Скопје, Куманово,Тетово и Неготино.

Маршот со патека од 15 километри започна од Железничката станица Гостиражни преку планинарскиот дом во село Стровија и Богомилскиот тунел до Домот на пензионери во село Богомила.

Како што информира за МИА Зоран Игновски претседател на СПД „Зелен рај" целта на манифестацијата е да се одбележи 76 годишнината од историскиот Февруарски поход од февруари 1944 година и споменот на борците кои учествувале во него, а некои ги полжиле и своите млади животи. Годинава учесниците поминаа и кај Богомислиот тунел каде се водела најстрашната битка за време на Февруарскиот поход, а имало и жртви, потсети Игновски.

Тој потенцира дека годинава имало повеќе од двојно повеќе учесници , а споредено со лани, а бидејќи повеќе од учесниците можеле да дојдат до стартот на патеката со воз и да се вратат назад по завршување на походот, Сите што сакале да дојдат порано, за нив синоќа имало организирано и ноќевање во планинарскиот дом во Стровија.

Тој појаснува дека патеката на маршот била средно тешка, за поискусните и тешка за почетниците во планинарењето.

Инаку планинарскиот марш „Февруарски поход 2020" заврши попладнево со заеднички ручек во Домот на пензионери во Богомила каде беше зборното место на враќање оед маршот, со заеднички ручек – војничко гравче и забавна програма, а подржано од повеќе спонзори информираат од СПД „Зелен рај".

Инаку СПД „Зелен рај" со оваа манифестација воедно одбележа и 15 години од своето постоење./MИА

Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис .

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, демантирајќи ги написите во медиумите дека Атина ќе му помогне на Киев со противвоздушни ракетни системи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина, објасни Мицотакис.

За односите со Турција и во пресрет на средбата со турскиот претседател во Анкара на 13 мај, грчкиот премиер рече дека целта на посетата е да се направи „чекор напред во грчко-турскиот пристап, кој даде некои важни мерливи резултати“.

Како пример спомена дека над 12 месеци нема прекрушувања на грчкиот воздушен простор, но и дека постои екстремно намалување на мигрантските бранови.

Истакна дека иако постојат различни ставови за одредени прашања, „тоа не значи дека нема да разговараме, дека нема да го препознаеме подобрувањето на односите и дека нема секогаш да се трудиме да ги градиме позитивните работи, наместо да се фокусираме само на негативните и нашите несогласувања“.

Во однос на европските избори на 9 јуни, рече дека другите партии „сакаат да ги сведат на референдум против Владата“, истакна дека го прифаќаат овој предизвик и политичката порака од евроизборите треба да биде „стабилност, сигурност и континуитет“.

Дополнително посочи дека не станува збор за национални избори на кои се одбира влада и мерката за споредба, според него, треба да бидат претходните европски избори.

Нова демократија на евроизборите во 2019 година освои 33,12 отсто од гласовите, додека пак на ланските парламентарни избори победи со 40, 56 проценти.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми.

– Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

притисни ентер