Вештачката интелигенција откри нов моќен антибиотик

Научниците со употреба на технологијата на вештачката интелигенција идентификуваа нов моќен вид антибиотик кој делува против широк спектар на бактерии, вклучително и оние кои предизвикуваат туберкулоза.

Експертите велат дека вештачката интелигенција (АИ) самостојно открила нов антибиотик, наречен халицин. Иако АИ се користела како помош при откривање на нови видови антибиотици, научниците велат дека овој пат, АИ била целосно самостојна при откривањето на халицинот.

Отпорноста на бактериите на антибиотици се зголемува во последните децении, а експертите стравуваат дека до 2050 година, отпорните инфекции би можеле да убијат десет милиони луѓе годишно до 2050 година, според „Nature“.

Од друга страна, откривањето и одобрувањето нови антибиотици е забавено во последно време.

"Постојано наоѓаме исти молекули. Потребни ни се нови соединенија со различни механизми на дејствување", рече биологот Џим Колинс од универзитетот МИТ.

Колинс и неговите колеги развија вештачка нервна мрежа, АИ алгоритам инспириран од човечката архитектура на мозокот која може да ги научи својствата на молекулите.

Истражувачите обучиле АИ за откривање молекули кои го блокираат растот на Ешерихија коли користејќи збирка од 2335 молекули со позната антибактериска активност. Оваа база на податоци вклучува 300 одобрени антибиотици, како и 800 природни производи од растителни, животински и микробиолошки извори.

Експертката за АИ на МИТ, Регина Барзилај, рече дека вештачката интелигенција научила во овој процес да идентификува нови обрасци непознати за експертите.

Кога ја тренирале АИ, научниците побарале од неа да изврши увид во втората база во која имало околу 6.000 молекули чиј обем на дејствување сè уште не бил целосно истражен. Од вештачката интелигенција  било побарано да пронајдат молекули што можат да дејствуваат против E. coli кои не личат на познати антибиотици.

Кога АИ им го покажала својот избор, научниците избраа околу 100 молекули за да ги тестираат резултатите. Еден, кој се тестирал за дијабетес, се покажа како моќен антибиотик. Новиот антибиотик е наречен халицин - според ХАЛ, интелигентниот компјутер од филмот од 2001 година, Одисеја во вселената.

притисни ентер